3 хороскопски знаци кои не сакаат никого освен себе

Препознатливи се по огромната доза на егоцентричност, но и по изразената нарцисоидност. Едноставно, тие мислат дека се најдобри, исклучиво се прават поради свое задоволство и секогаш се истакнуваат себеси во прв план.

 

Овен

Првиот знак во зодијакот, како и најогнениот знак кој има многу доблести, но и една маана која им пречи речиси на сите, а тоа е нарцисоидноста. Иако е добро и здраво да се сакате себеси, припадниците на овој знак честопати претеруваат во тоа и одат толку далеку што себеси се гледаат како победници, најпаметни, најубави и најпосебни личности на светот. Освен што тоа може да им го наруши пријателството, може лошо да влијае и врз љубовните односи.

 

Вага

Вагите се сметаат за едни од најповршните знаци. Како големи естети, тие сакаат убави нешта и убави луѓе и може да се каже дека на тој начин гледаат на светот, но и на себе. Обожаваат да го привлечат вниманието на другите и очекуваат посебен третман. Припадниците на овој знак често говорат за своите успеси, а неретко и претеруваат во тоа. Не е важно доколку сте направиле нешто подеднакво добро како и Вагата, таа секогаш ќе ви каж дека го направила подобро.

Лав

Огнените Лавови се познати по својата егоцентричност и се чини дека не се ни обидуваат да го сокријат тоа. Тие искрено си се восхитуваат себеси, обожаваат да бидат во центарот на вниманието и секогаш знаат се. Колку е важно за лавовите да имаат добра репутација во друштвото говори фактот што тие би направиле некое добро дело само за да се зборува за нив.




Коментари

коментари