3 хороскопски знаци кои ова лето ќе доживеат љубовен бродолом

Ова лето ќе биде полно со предизвици за следните три хороскопски знаци.

Близнаци

Први на листата се, кој друг ако не дволичните Близнаци. Овој воздушен знак првите пријателства ќе ги склопи уште на почетокот на одморот, а на плажа ќе се покаже како вистински ловец. Доколку го чекате дома, најдобро ќе биде сами да излезете и да се забавувате, за да не се прашувате што прави во моментот.

Лав

Кралевите на егоцентричноста, Лавовите нема да си дозволат од одмор да се вратат без доказ дека биле главни на плажа. Бидејќи и нивниот морал е лабав кога се работи за нив, веројатно ќе се утешат со речениицата „она што нема да го дознае партнерот, не може ни да го повреди“, па така охрабрен на плажа ќе заведува се додека не улови трофеј од кого му зависи самодовербата.

Риби

Да, овие нежни и емотивни души знаат да изневерувааат. Како и Близнаците, и Рибите имаат дволична природа. Или сте наишле на комплетен светец или на грешник, а доколку вашиот партнер роден во знакот на Риби е од некој друг вид, бидете уверени дека од одмор или деловно патување нема да се врати со чиста совест.

 




Коментари

коментари