3 моќни природни состојки кои ќе направат чуда на вашата кожа

Природната козметика е клучна, а со помош на овие 3 состојки кои можете да ги набавите по супер пристапна цена, ќе придонесите многу во негата и заштитата на вашата кожа.

Израдувајте ја вашата кожа со помош на овие 3 моќни природни состојки. Кремата збогатена на овој начин не бара комплицирани рецепти, едноставно набавете ги овие 3 природни состојки и држете ги на ладно место (дури не ни морате во фрижидер) и ставајте ги во количини кои и се погодни на вашата кожа. Што е најважно овие состојки се комплетно безбедни и природни и не се расипуваат брзо.

1.Витамин Е
Гарантирано е дека витаминот Е кој се додава во многу креми на пазарато делува како магија на кожата. Можете да го купите во вид на масло, но и во варијанта која е многу по пристапна за вашиот буџет а тоа се желатински капсули.
Секоја вечер, исечете ја капсулата и течноста намачкајте ја на добро исчистено лице, можете притоа да додадете и малку обична крема за нега и со лесни масажерски движења нанете ги состојките.

2.Какао Путер
Моќната состојка која ја омекнува кожата е погодна за зимската нега затоа што богато ја нахранува и го штити лицето а и рацете. Нанесете го во мала количина со кружни движења или помешајте го со обична крема за лице и нанесете на вратот и деколтето.
Одличен е и за останатите делови од телото како лактите, колената, бутовите, колковите. Местата каде што кожата може да биде лесно иритирана при допир со облека.

3.Шеа путер
Уште една состојка која е одлична за сува и зрела кожа.
Има антиејџ ефект и скоро никој не е алергичен на неа.
Опасност имаат само оние чија кожа е склона кон акни, под услов да користат чист шеа путер тоа треба да се избегнува.
Додадете ја во мала количина во вашата секојдневна обична крема.




Коментари

коментари