3 начини како да го натерате своето момче да направи сè што сакате, а притоа да останете фини и слатки

Пред да решите да дигнете раце од својата врска, обидете се да го вразумите партнерот со помош на некои од следниве трикови. Сте се обиделе на пристоен начин да одглумите строгост… но безуспешно. Не знаете како да излезете на крај со неговите лоши навики и не знаете како да го натерате да го направи она што го сакате. Запакувајте ги своите намери во неодолива украсна хартија!

Претворете ги критиките во пофалби

Наместо да му префрлате што повеќе не сака да се дружи со вашите пријатели, речете му: „Многу си духовит. Би сакала да се дружиме повеќе со моите пријатели да можат да слушнат колку генијално раскажуваш вицови. Исто така, заборавете на шегите на сметка на неговите килограми, туку кажете му дека никој немал толку секси стомачни мускули како него и дека се надевате дека наскоро ќе ги видите повторно.

Уверете го дека тоа е за негово добро

Тој мрази планинарење, а вие обожавате. Наместо да му приговарате дека ништо не сака да направи за вас, кажете му дека сте слушнале дека во планинарскиот дом има најдобар грашок и домашни колбаси во градот. Тоа дефинитивно ќе го мотивира.

Заведете го

Сте купиле нов секси фустан иако знаете дека штом ќе влезете на врата ќе почне да ви приговара дека трошите пари „на глупости“. Наместо да ја внесете во ќеса, оставете ја кај пријателката, исперете ја и облечете ја. Кога ќе ве види во неа можеби ќе се запраша дали ви е нова, но веќе минута подоцна, кога ќе почне да ве соблекува, тоа воопшто нема да биде важно.




Коментари

коментари