Категории

3 начини како да си ја зголемите самодовербата.

Самодовербата е многу важна компонента во животот на еден човек. Доволната самодоверба менува животи на подобро. Еве 3 здрави, добри начини како да си ја изградите самодовербата:

Зајакнете различни делови од вашиот идентитет.

Самодовербата не треба да доаѓа од некоја надворешна валидација базирана на некоја метрика. Самодовербата треба да произлезе од некоја константа вредност. На пример наместо да се идентификувате со бројот на килограми, идентификувајте се со здраво тело. Наместо број на пријатели обрнете внимание на со колку квалитетни пријателства сте опкружени.

Бидете помеки со себе сѝ кога се соочувате со проблеми.

Бидете љубезни кон себе сѝ. Кога се соочувате со проблеми бидете добри сами со себе наместо да си давате критики. По комплицирани денови, препознајте дека денот бил навистина тежок, дека и други луѓе доживуваат комплицирани работи и дека и Вие, како и другите, заслужувате добрина и љубезност. 

Одбегнувајте негативни споредби со други луѓе.

Ако препознаете дека потсевесно или свесно се споредувате со другите, паузирајте и престанете. Во моментот само размислете и фокусирајте се на Вашиот пат, не на патиштат што се зад Вас, околу Вас или пред Вас. Дајте си малку одмор и продолжете чекор по чекор.

Прегледи:
94
Објавено на:
15.09.2022