Категории

3 најсмирени хороскопски знаци – Како да бидете како нив?

Факт е дека знаците во хороскопот поинаку реагираат на стресни ситуации и дека секој од нив е приказна за себе, кога е нивото на „разгорување“ во прашање. Меѓутоа, од овие три истакнати знаци би можеле да научите многу нешта и со самото тоа да се обидете и самите да делувате посмирено во дадени ситуации.

Секој од нас ги поднесува проблематичните ситуации на различен начин.
Ако некогаш сте се се запрашле зошто кај вас дури и при најмала расправа ви врие крвта и ви извираат искри од очите и пареа од ушите, додека вашите пријатели во знакот на Водолија, Вага и Бик се ладни како шприцер, не сте сами.
Факт е дека знаците во хороскопот поинаку реагираат на стресни ситуации и дека секој од нив е приказна за себе, кога е нивото на „разгорување“ во прашање. Меѓутоа, од овие три истакнати знаци би можеле да научите многу нешта и со самото тоа да се обидете и самите да делувате посмирено во дадени ситуации.

Прво размислете добро пред да реагирате
Без оглед на тоа дали се во прашање деца кои постојано нешто прашуваат, бараат или ви се спротивставуваат, или се работи за колеги на работното место кои постојано ве затрупуваат со обврски, обично кога реагирате избрзан, таквата реакција ќе ви се врати како бумеранг.
Водете се според промисленоста на Бикот и не прифаќајте баш се што бараат од вас било да се работи за деца или колеги на работното место. Вдишете длабоко и размислете три пати пред да прифатите нешто.

Оддалечете се од ситуацијата за да ја видите комплетната слика
Кога лутината ќе ве надвладее, секој најмал звук или случување во околината може да ви биде иритантен. Кога сме лути, имаме впечаток дека се се свртело против нас и дека се наоѓаме во најлошиот дел од олујата.
Водолиите се водат според паролата „широка слика“, односно исфрлање на „јас“ од ситуацијата. Ставете се на местото на другите кои ве опркужуваат. Обидете се да ја префрлите својата реалност од учесник на сведок на ситуацијата и ќе видите колку поинаку ќе ги решавате нештата. Се што не ве допира личност, станува по кристално јасно.

Размислувајте чекор по чекор
Секоја личност која е по природа поексплозивна, секој напад на бес го доживува како огнено оружје кое треба да се употреби без обзир на колатералната штета. Вагите не се однесуваат така. Тие користат мало нешто кое се нарекува логика, која додава одмереност со цел да размислите за вашите емоции. Наместо да си дозволат на себеси лутината да ве одвете до крајната цел – вриштење на сите околу себе, Вагите го решаваат проблемот чекор по чекор. Рационализирањето и успорувањето се процеси кои ја запираат лутината.