3 оброци кои секогаш ги јадеме за појадок, а не сме свесни колку се штетни!

Појадокот е најздравиот оброк во денот, па ако сакате денот да ви започне вкусно и здраво и да му обезбедите енергија на телото за целиот ден избегнувате ги овие три видови на појадок.

Овошни сокови и јогурти

Иако на нив пишува дека се 100% природни, купечките овошни сокови се преполни со шеќери и адитиви. Ваквиот напиток на празен стомак ви дава енергија која е моментална, но набргу ќе ви ја одземе. Исто така, тие немаат голема нутритивна вредност. Подобро изедете овошје кое содржи влакна потребни за регулација на варењето и збогатете го со житарици. Истото важи и за овошните јогурти, па затоа изберете незасладен пробиотик во комбинација со кришка препечен леб и мармалад.

Пекарски производи

Пецива, крофни и вкусни теста кои ги купуваме во пекарите бргу заситуваат, но тие производи исто така често содржат големо количество на адитиви, сол и шеќер, што не е добра комбинација за почеток на денот. Солените пецива ја задржуваат водата во организмот, а лиснатото тесто е масно и сиромашно со нутритивни вредности кои му се потребни на вашиот организам за нормална работа. Ако сакате наутро да изедете некое пециво, изберете го она од житарици и премачкајте го со млечен намаз или мармалад.

„Ѕидарски“ појадок

Ѕидарскиот појадок подразбира масна, тешка и калорична храна како пржени јајца со сланина, бел леб или масна салама зачинети со мајонез или слични намази. Освен ако не работите тешка физичка работа, ваквиот појадок навистина не му е потребен на вашето тело бидејќи организмот тешко и долго ќе го преработува. Големите количини на маснотии ќе завршат во облик на масно ткиво, а вашиот организам нема да ги добие потребните витамини, минерали и влакна. Ако сакате наутро да изедете јајце, изберете варено јајце во комбинација со кришка препечен леб и чај.




Коментари

[fbcomments]