3 одлични трикови со чија помош ќе купувате фармерки без да ги пробате!

Ако некогаш го мразите шопингот само поради тоа што треба да се пресоблекувате повеќе пати, овие совети ќе ви го решат тој проблем.

Кога барате совршени фармерки, веројатно потрагата не оди лесно. Иако станува збор за омиленото парче облека на многумина, реалноста е дека не е воопшто лесно да пронајдете совршени фармерки. Сепак, доволни се три трикови за да ставите крај на овие маки.

Пронаоѓање на соодветна големина

Генерално, поголемиот дел од луѓето знаат која големина на фармерки носат, но за жал понекогаш произведувачите не се држат до мерките во зависност од моделот.

Потпрете ги до вратот двата краеви на струкот од фармерките и спојте ги така што копчето ќе биде на средина. Ако се допираат краевите, тоа значи дека сте јаа пронашле својата големина.

Ширина на фармерките

Ширина и големина не е ист поим. За да ја пронајдете совршената ширина, свиткајте ја раката во лактот и притиснете ја шаката. Така наместена раката ставете ја во закопчаните фармерки. Имено, вашата рака би требало без проблем да ја собере во струкот од фармерките и така ќе бидете сигурни дека сте ја нашле совршената ширина.

Обрнете внимание и на должината

Доколку немате волја да влезете во гардеробата и да ги пробате фармерките, постои еден трик со чија помош ќе го решите тој проблем.

Токму како и големината и широчината, еднакво е важна и должината. Затоа, последниот чекор на проверување е должината на ногавиците. Доближете ги краевите на ногавиците и потоа раширете ги колку што можете. Ако средината на фармерките е под вашата брада, тоа значи дека сте одбрале совршени фармерки.




Коментари

коментари