Категории

3 познати трендови за убавина кои се официјално „АУТ“ оваа есен

Освен облеката, на есен ја менуваме и бјути рутината, а на овие три трендови во светот на убавината можете веднаш да заборавите.

АУТ: Сјај на капаците

Сјајните капаци звучат одлично во теорија, но во пракса воопшто не се така едноставни. Секој пат кога ќе трепнете го чувствувате својот леплив капак и тешко е да се носите со тој бјути изглед. За среќа, тој е АУТ за оваа есен. Тоа што е ИН се светкавите сенки во боја на праска кои даваат еден неутрален изглед на капаците.

АУТ: Изглед „мокра коса“

Овој изглед не одговара за есента и ниските температури. Знаеме дека косата не е навистина мокра, но дава таков ефект. Она што е ИН е таканаречениот тренд „стаклена коса“! Сѐ се врти околу високиот сјај на косата, но без мокриот изглед.

АУТ: Нежни нијанси на кармин

Нежните нијанси кои оставаат благо размачкан изглед на усните се идеални за летните варијанти и забавите на плажа. Меѓутоа, есента сепак заслужува малку луксуз на усните. ИН се мат кармините. Но, не оние класични мат. Новата формула на таканаречените сатенски мат кармини имаат поинаква текстура која не може да не ви се допадне, полни се со хидратантно масло што дава удобно чувство на усните.

Прегледи:
360
Објавено на:
17.10.2018