3 причини зашто читањето книги е добро за децата

Живееме во време кога повеќето луѓе се фокусирани на дигиталниот свет, дури и кога станува збор за книгите многумина користат електронски читачи за книги. 

Фокусирањето на дигиталниот свет се одразува и на воспитувањто на децата, па така не ретко родителите за анимирање на децата се служат со телевизор, компјутер, мобилен телефон, каде тие гледаат цртани филмови или играат игри.

Сето тоа прави да се одалечат децата од „старомодните“ начини на забава, кои се исклучително важни за развивање на нивните социјални, конгитивни, вербални способности.

Многу е важно децата од мали да се научат да ги сакаат книгите, да им се создаде навика да читаат, бидејќи книгата е непресушен извор на знаење и мудрости. Тоа е навика која ќе ја негуваат цел живот, но кои се трите важни причини зошто децата мора да читаат?

Ја подобрува самодовербата

Секое дете откако ќе ја прочита книгата, го разбира такот на одвивање на дејствијата и добива целосна слика за приказната. Самостојното склопување на приказната им носи голема самодоверба, затоа што самите тие сфатиле што навистина се случува во приказната. Воедно, со секоја прочитана книга ќе научат нешто ново, што исто така ја задоволува нивната љубопитна природа.

Подоброување на вербалните способности

Со читањето, секое дете ќе започне побрзо и прецизно да чита. Со тоа детето веќе ќе може сам да чита книга, без разлика на нејзината содржина, да учи нови зборови, а со тоа и да се изразува подобро.

Го збогатува речникот

Колку повеќе детето чита книги, толку повеќе го збогатува својот речник. Со тоа ќе го збогати својот речник, нешто што ќе му биде од огромна корист во текот на целиот живот и понатамошното образование.

За да децата започнат да читаат, тоа треба да биде забавна содржина која ќе ги анимира и ќе ги научи нешто ново. Книжарницата Култура има многу книги кои се одлични за децата, особено едицијата Стилтон, која е особено квалитетна по својата содржина и истовремено забавна за децата.

Италијанската цртана серија која ги раскажува авантурите, згодите и незгодите на глувчињата, раскажани преку главните ликови Џеронимо и Теа Стилтон. Џеронимо и Теа Стилтон се брат и сестра, и тие се омилените ликови на децата. 

 

Едицијата Стилтон сега се збогатува со два нови наслови на Теа Стилтон, „Големата авантура во Њујорк“ и „Мистерија во Париз“, возбудливи интерактивни приказни кои покрај приказната содржат и дел за истражување, со што квалитено и забавно ќе се пополнат деновите на вашето дете!




Коментари

коментари