3 причини зашто да не спиете со мокра коса

Освен што ќе се разбудите со лоша фризура, мократа коса може да остави последици и на вашето здравје.

Сигурно вашите баби и мајки многу пати ви рекле да не излегувате надвор со мокра коса, но и да не легнувате да спиете со мокра коса. Колку и да сметате дека знаете повеќе од нив и дека нивните совети се непотребни и напорни, можеби сепак треба да ги послушате.

Освен лоша фризура, мократа коса може да предизвика и бројни здравствени последици.

  1. Главоболка

За појавата на главоболката постои сосема логично и стручно објаснување. Всушност, додека спиете температурата на телото се прилагодува на температурата на просторијата, па повторно се зголемува во РЕМ состојбата на сон.

Доколку косата ви е мокра, таа на некој начин ја лади главата, па температурата на главата не може да се прилагоди на телесната температура. Затоа и се појавува главболка. Освен тоа, може да се разбудите и со воспаление и болка на синусите.

  1. Инфекции

Потењето, природната масност на косата, мртвите келии и уште многу други нечистотии создаваат идеален дом за габите и бактериите, посебно кога косата е мокра. На овој начин создавате идеални услови за развивање на многу инфекции.

  1. Пукање на врвовите

Мократа коса сама по себе многу поосетлива и склона на пукање. Во текот на спиењето ќе ја триете од перницата и тоа триење ќе предизвика неуредни и оштетени врвови и чести шпсети на фризер.

 

 




Коментари

[fbcomments]