3 причини зошто тој заслужува шанса

Кога некој маж ќе ви рече дека ве сака само за пријатели, знајте дека ве лаже. Ако зборуваме реално ниеден маж не би сакал да се најде во зоната на пријателство.

Па доколку знаете дека вашиот пријател е заљубен во вас, навистина сте сурови доколку го третирате како пријател. Или фатете го или пуштете го да замине.

Еве 3 причини зошто треба да му дадете шанса.

1. Тој ве познава најдобро и покрај тоа е лудо заљубен во вас

Зарем нели секоја девојка сака да биде третирана како принцеза, како капка на дланка…? Иако комуникацијата и однесувањето со жените не му се силна страна ова момче знае се за вас, што сакате, а што не, како и кои се вашите добри но и лоши страни.

2. Тој е супер, само има тешкотии

Жените се привлечени од алфа мажјаци, моќни мажи кои знаат да се изборат за она што го сакаат, па затоа бета мажјаците завршуваат како пријатели. Ваквите мажи можеби имаат тешкотии во моментот, пример не можат да најдат работа или се соочуваат со било какви други лични проблеми.

Но ова не значи дека тој е отпишан целосно. Дајте му малку време да се соземе и да си ги среди мислите. Времето е одличен показател за вистинскиот карактер на човекот. Плус, порано или подоцна не би сакале да знаете како се справува со тешки ситуации?

3. Тој е одлична прилика

Можеби го сметате за незрел, бидејќи изгледа дека ве лаже. Токму затоа жените ги сакаат „лошите момчиња“ – тие се искрени и знаат што сакаат. Чудно, но вистинито. Ова за жал, не им оди во прилог на добрите момчиња, бидејќи тие не знаат точно што прават, но се трудат.

Со исклучок на неговите лоши комуникациски вештини, тој е вистинска прилика за вас. Покрај тоа што знае добро да ве третира, тој и ве заслужува, ве засмејува и едноставно ви го прави животот подобар и секогаш е тука за вас.

Зарем не би можеле еднаш да прогледате низ прсти? Можеби и ќе го најдете господин “совршен“…


тагови


Коментари

коментари