3 работи кои треба да ги знаете пред да направите тетоважа

Тетоважите се еден од најстарите начини за украсување на телото, а денес станаа попопуларни од било кога. Ако планирате да го украсите телото со тетоважа, треба да ги знаете овие три работи.

Положба
Тетоважите се постојани, затоа размислете каков мотив сакате да ставите на вашето тело, бидејќи ќе остане таму засекогаш.

Размислите и за делот од телото на кој планирате да ја ставите тетоважата, бидејќи кожата се шири со текот на времето и ја губи еластичноста. Доколку добиете или избубите на тежина и овој фактор може да влијае на изгледот на вашата тетоважа.

Најдобро е сликата да се стави на делот од телото кој нема многу да се менува со текот на годините.

После тетовирањето

Еден месец по тетовирањето тетоважата не треба директно да ја изложувате на сонце или да влегувате во море или базен.

Тетоважата треба да се третира како рана, бидејќи е. Раната не смее да влезе во контакт со нешто нечисто поради ризик од инфекција.

Во периодот за заздравувањето на тетоважата (околу 15 дена), треба да се избегнува депилација, а во првите 5 до 7 дена, секоја активност која предизвикува зголемено потење.

Одржување

– 2 до 3 пати на ден тетоважата треба да се мачка со антибактериска маст околу 15 дена.

– Тетоважата треба да се мие со неутрален и благ сапун, најмалку 2 пати на ден, наутро и навечер, а потоа да се премачкува со маст (не крема).

– Доколку тетоважата доаѓа во допир со облеката, треба да се носи чиста, памучна облека.

– Придржувајте се на сите упатства кои ќе ги добиете во студиото за тетовирање.




Коментари

коментари