3 рецепти за брзо и лесно слабеење со цимет

Најароматичната зачинска билка на планетата – циметот, својата употреба ја наоѓа во светските кујни како составен дел од слатките, но во традиционалната медицина се користи и кај личности кои имаат проблем со прекумерната тежина.

Со само половина лажичка цимет дневно, дијабетичарите можат во значителна мера да го намалат нивото на шеќер во крвта, бидејќи неговите состојки го активираат инсулинот и делуваат заедно со него. Експериментално е докажано дека циметот го намалува и нивото на мастите и лошиот холестерол, има фунгицидно дејство, односно ги уништува габичните инфекции и го спречува нивниот раст. Циметот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и цинк. Од витамини содржи витамин Ц, К, пиродоксин (Б6) и рибофлавин (Б2).

Утринскиот чај ќе биде уште повкусен ако во него додадете цимет, со што чајот ќе го претворите во природен напиток за слабеење. Ефектот е уште подобар ако во чајот додадете и мед. На една шолја чај оптимално ставете една лажица мелен цимет и две лажици мед. Калориите кои се наоѓаат во две лажици мед нема да се „лепат“ на телото бидејќи циметот и медот се одлични сојузници во борбата против вишокот килограми.

Во попладневните часови на циметот додадете му ѓумбир. Циметот и ѓумбирот се уште една добра комбинација за слабеење. Во две лажички мед ставете половина лажичка цимет и половина лажичка ѓумбир. Нека ви послужи како магичен премаз за тост, кога е време за ужина.

Во вечерните часови, се препорачува да зовриете 200 мл вода со еднакви делови мед и цимет, по половина лажичка. Испијте го напитокот половина час пред спиење.




Коментари

[fbcomments]