3 совршени Jägermeister коктели на кои нема да им одолеете

Коктелите претставуваат совршен микс од неколку состојки кои се надополнуваат и создаваат неповторлив вкус. За да уживате во вкусот на еден коктел, внимателно треба да се избираат состојките кои се дел од него, а особено која станува збор за алкохолните пијалаци.

Токму затоа, Jägermeister е совршена комбинација за создавање на неколку коктели. Иако овој пијалак е познат по своите многубројни придобивки, богат состав и уникатен и неповторлив вкус кој совршено се консумира леден и без додавање на други состојки, сепак може да се направи исклучок и да се создадат одлични коктели со него.

За да ја „зачините“ есента ви препорачуваме 3 коктели во комбинација со Jägermeister.

Berlin Mule

Состојки:

  • 50 мл/50 мл ледено студен Jägermeister
  • пиво од ѓумбир
  • краставица
  • лимета
  • коцки лед
  • долги чаши

Процедура:

Чекор 1:

Сипете 50 мл Jägermeister над ледот во секоја чаша

Чекор 2:

Натопете одозгора со вашето омилено пиво од ѓумбир. Напомена: Пивото од ѓумбир го има во различни варијатни почнувајќи од слатко пиво до зачинето. Експериментирјте со различни брендови за да го пронајдете совршеното.

Чекор 3:

Декорирајте со тенко исечени ленти краставица и парчиња лимета. Добар апетит!

 

Jäger Tonic

Состојки:

  • 40 мл/44 мл ледено студен Jägermeister 
  • вашиот омилен тоник
  • коцки лед
  • изрендана кора од цитрусно овошје
  • долги чаши

Процедура:

Чекор 1: 

Ставете мраз во чашата. 2-3 коцки е сосема доволно

Чекор 2:

Сипете 40 мл Jägermeister 

Чекор 3:

Дополнете со вашиот омилен тоник

Чекор 4:

На врвот на коктелот украсете со тенко исечена кора од лимета, лимон или портокал.

 

Jägermeister fresh orange

Состојки:

  • 40 мл/44 мл ледено студен Jägermeister 
  • искршен лед
  • тенко исечена кора од портокал
  • долги чаши

Процедура:

Чекор 1:

Наполнете ја секоја од чашите со искршен мраз

Чекор 2:

Сипете во нив по 40 мл Jägermeister 

Чекор 3:

Додадете го свежо исцедениот портокал на врвот на чашата

Чекор 4:

Украсете со тенко исечкана кора од портокал.

 

На здравје!




Коментари

[fbcomments]