3-те клучни козметички производи кои се најголем хит оваа есен

Кога се работи за мејкап трендовите, секое годишн време е нова приказна чие прво поглавје го очекуваме со нетрпение.

Пред нас се новите идеи кои ќе го освежат изгледот. Оваа година за разлика од претходната, која со себе ја носеше паролата „помалку е повеќе“, ни донесе многу нови мејкап изгледи за оваа есен кои изгледаат неодоливо.
Ви ги издвојуваме 3-те козметички производи кои се клучни за оваа есен со чија помош нема да поминете незабележано.

1.Сјај за усни
Во тинејџерските денови тој ни беше првиот козметички производ, а оваа есен се врати на големата врата. Враќањето на овој бјути производ најмногу ги израдува жените кои обожаваат природен и негуван изглед, но и оние кои сакаат да направат пауза од мат кармините.

View this post on Instagram

Absolutely Loved creating this Golden Look Using all of @ctilburymakeup NEW Christmas Products 💖🌟 for our Makeup Masterclass with @officialbrownthomas @brownthomascorkofficial 💖 Makeup on the gorgeous @kelly_horrigan 💋💄 _🌟SKIN🌟 Dry Sheet Mask, Magic cream, under eye rescue, Hollywood flawless filter shade 3, light wonder foundation in shade 4 , Magic away concealer shade 2 & 4, flawless finish powder in shade 1, FilmStar Bronze & Glow & The beauty light wand _👁EYES👁 New Christmas eye palette using the Happy glow shades, my classic winged out liner on the Audrey eye pencil,bigger brighter eyes nude pencil inside the eye, full fat lashes & Charlottes new Hollywood red carpet Lashes !!! 🌟 _💋LIPS💋 Hot gossip lip liner & super star lipstick in GLOW KISS ! What an amazing shade 🙏😍 _💖BLUSH💖 Ecstasy Blusher my favourite ! _🖊BROWS🖊 Supermodel in Brow lift & Super model in legendary brows Hair by the amazing @suebrophy_makeup 💫✨ _ _ _ _ _ _ #Beauty #Highlight #LFW #FashionWeek #Backstage #contour #Glow #Eyeshadow #lips #lipstick #love #highlighter #MakeupGuru #Goddess #Golden #Gold #Dewy #Dewyskin #Liquidliner #freshmakeup #glowingskin #beautiful #brows #goldmakeup #freshskin #summermakeup #youthfulskin

A post shared by Sofia Schwarzkopf-Tilbury ❤️ (@sofiaschwarzkopftilbury) on

2.Мат руменило
Иако оваа есен сјаевите ги заменија мат кармините, кога се работи за руменило, нештата нема да се променат па мат руменилата и понатаму ќе бидат ин. овој прозивод може да ги истакне контурите на вашето лице и секогаш изгледа природно и добро, ако знаете како правилно да го нанесувате. Ве советуваме да користите квалитетна четка и внимателно да го избледате прозиводот.

3.Сенки за очи во топли есенски нијанси
Додека ова лето носевме минимална шминка на очите, а и генерално, конечно дојде време кога можете да си поиграте со сенките. Портокаловата, бојата на чоколадо и златната ќе бидат кралици на секој дневен изглед, но и за ноќно излегување. Светлите очи најмногу може да ги истакне портокаловата и виолетовата нијанса, додека девојките со смеѓи очи може да ги комбинираат златната и бојата на чоколадо.




Коментари

коментари