Категории

3 типични грешки со производите за коса кои речиси сите ги правиме!

Многу е веројатно дека сте погрешиле бидејќи постојат некои грешки со производите за стилизирање на коса кои ги прават поголемиот дел од луѓето. 

Пена за стилизирање

Пената никогаш не ја нанесувајте на мокра коса бидејќи на тој начин ќе стане тешка и по сушењето ќе изгледа безживотно и залепена. Исто така, пената нанесувајте ја на врвот на главата а потоа со чешел распоредете ја по остатокот од косата.

Гел за коса

Иако гелот не е омилен избор на поголемиот дел од жените, гелот за коса може да биде одличен производ за стилизирање на косата ако се користи правилно. Нанесете мала количина на влажна (не мокра) коса и исфенирајте ја со округлеста четка. Резултатот ќе биде постојана фризура и сјајна коса.

Лак за коса

Типична грешка која ја прават многу жени при нанесувањето на лак на косата е приближувањето до темето што резултира со залепена коса. За да го избегнете тоа, секогаш држете оддалеченост од најмалку 20 цм помеѓу главата и лакот при стилизирањето на косата.

Прегледи:
468
Објавено на:
25.03.2019