Категории

3 типови на мажи од кои морате да се ослободите – и тоа веднаш!

Кои се најчестите типови на мажи на кои најчесто налетуваме и како да се ослободите од нив

Тип бр. 1 „Кретен“
Тој е тип на маж кој ќе ве носи на секоја забава, бесрајмно ќе ве прегрнува и бакнува кога ќе му се присака, кој е во состојба да не ви испрати порака 2 месеци, а потоа одеднаш ќе се појави како да сте се виделе вчера, и секако ќе сака повторно да се видите. Тој е вообразен, егоцентричен кретен кој и покрај тоа успева да биде харизматичен и шармантен. На прв поглед ви делува доста интересен но по кратко време ќе сфатите дека тоа не е маж каков што сакате покрај вас во вашиот живот.

Како да се ослободите од него:
Многу едноставно. Избришете го од листата на пријатели и од својот живот. И кога ќе ви се (прашање е ако) се појави после одредено време во 2 часот наутро, кажете му дека имате дечко. Не се сомневаме дека тој во резерва веќе има следна жртва.

Тип бр. 2 „Детинест“
Овој маж има одреден број на години, но без сомнение кого и да го прашате ќе ви каже дека делува како Петар Пан. Тој е супер спонтан и забавен и детски искрен. Со него ќе си поминувате толку урнебесно што ќе заборавите да фактот дека секојдневно спие до пладне, нема работа, нити возачка дозвола, ни сопствено здравствено осигурување. Ако не сте во состојба да го „пукнете“ неговиот забавен балон, барем излезете од него.

Како да се ослободите од него:
Почнете да излегувате на места кои се поприкладни за зрели и самосвесни луѓе и оставајте ги случувањата кои не ве интересираат. Замолете ги пријателите кои имаат средени животи да ве запознаат со квалитетен материјал.

Тип бр. 3 „Лигле“
Овој маж е супер драг. Тој ве слуша внимателно, пристоен е, вашата мајка го обожава, ви носи и цвеќе без некоја особена причина. Но, со него едноставно нема страст нити возбуда затоа што е досаден и предвидлив како и секој однос со него.

Како да се ослободите од него:
Со брутална искреност. Земете во обзир дека врските можат да престанат бидат интересни и возбудливи кога ќе помине одредено време, но доколку уште на самиот почеток го забележвате тоа, бегајте без оглед на се. Подобро е да сте сами отколку во врска со погрешен човек.