Категории

3 тренд фризури кои можете да ги испробате оваа зима

Доколку сакате да направите зимска трансформација и да го освежите вашиот изглед, можеби некој од овие 3 предлози ќе биде вашиот идеален избор.

Во 2020-та, трендовите кога е во прашање косата се фокусираа на природната текстура, бојата на коса и фризура која не бара премногу одржување. Но, овие зимски месеци можете да направите нешто незаборавно, нешто кое ќе ви помогне оваа хаотична година да ви остане во малку поубаво сеќавање и да ја испратите со стил.
Во продолжение ви споделуваме топ 3 фризури за најубава трансформација на вашата коса.

СЛОЕВИТ БОБ ИЛИ ЛОБ


Еден од најголемите трендови оваа есен е ажурираната верзија на слоевитата фризура од 70-тите. Таа изгледа одлучно во долго и кратко издание што дефинитивно ја прави сестрана. Но сепак овој месец би го издвоиле слоевитиот боб/лоб како топ избор. Тој изгледа одлично на тенка коса со средна густина а и прилега на секоја дама.

 „ЗАВЕСА“ ШИШКИ


“Curtain bangs” или шишките кои паѓаат на средина се еден од најпопуларните трендови оваа година кога се во прашање фризурите. Речиси можевме да ги видиме кај секоја дама а асоцираат на легендарната Брижид Бардо. Овој стил одговара на секој облик на лице и не бара многу одржување и обликување како вообичаените рамни шишки.

BRONDE БОЈА НА КОСА


Bronde бојата е мешавина од руси и кафеави нијанси. Бронде движењето започна пред неколку години, кога Жизел Бундхен се прошета по црвениот тепих со нови светли прамени. Меѓутоа оваа година овој тренд го достигна врвот. Бронде бојата на коса можете да ја видите кај Џеј Ло, Криси Тиген, Кара Делевин и Блејк Лајвли. Попупарноста на овој тренд дефинитивно порасна драстично а ако сте во потрага по своршена трансформација на бојата на вашата коса, Бронде би требало да се најде на врвот на вашиот попис.

Прегледи:
754
Објавено на:
19.11.2020