Категории

3 важни работи кои секој гинеколог сака да ви ги каже

Веруваме дека понекогаш се оптеретувате со овие работи, па поради тоа ја избегнувате посетата на гинеколог. Затоа решивме да ги разбиеме следните митови.

Гинеколошкиот преглед не е ни малку пријатно искуство за жените, а гинеколозите се свесни за тоа.

Не ги интересира изгледот на вашето тело и интимните делови

Поточно, интимната зона ги интересира само од медицинска перспектива. На гинеколозите не им е грижа дали сте ја издепилирале интимната зона и нозете, затоа не треба да се замарате со ситници. Влакната се нормална и природна појава и имаат своја функција, а според некои истражувања дури 40% од жените сепак ги отстранува од интимните делови при посета на гинеколог. А всушност, влакната делуваат како брана која го штити интимното подрачје од несаканите бактерии, но и ја задржуваат здравата количина на бактерии. Исто така спречуваат влегување на прашина, нечистотија и други честички кои можат да предизвикаат иритација.

Не сакаат да слушаат лаги за вашиот сексуален живот

Гинеколозите од вас пред се сакаат искреност, бидејќи на тој начин најлесно и најбргу ќе ја дијагностицираат причината за вашиот здравствен проблем. Меѓутоа, многу жени се ссрамат да зборуваат за својот сексуален живот, па често премолчуваат потенцијално важни информаци. Тие нема да ве осудуваат во врска со вашите сексуални навики. Не постои нешто што не виделе и не чуле, па затоа заборавете на ова чувство на непријатност.

Со разговорот за планирање деца, не ве „тераат“ да збремените

Гинеколозите се тука за да ве информираат за сите аспекти на здравјето на вашата интимна зона и репродуктивен состав. Ако знаат дека одредена здравствена состојба може да го отежне забременувањето, должни се тоа да ви го кажат. Меѓутоа, не ви го велат тоа бидејќи сметаат дека треба да родите, туку за да ве упатат во потенцијални проблеми. Не ги интересира зошто уште немате деца, а кога ве прашуваат дали планирате тоа го прават исклучиво поради вашето здравје.

Прегледи:
493
Објавено на:
27.04.2018