3 вкусни рецепти со овесни снегулки

Во последно време од сите страни слушaме дека јаглехидратите треба да се избегнуваат за доручек, и дека најдобра комбинација се масти и протеини. Но има и индивидуални ставови дека јаглехидратите во форма на овесни снегулки се фантастична опција за доручек.

Овесните снегулки се одличен извор на комплексни јаглехидрати и влакна, а покрај доручек, може да се конзумираат како оброк пред тренинг. Во 100гр овесни снегулки има 350kcal. Доволно е да се внесе 40 – 60 грама на оброк. Овесните снегулки се идеална неутрална база за безброј вкусни комбинации и ја оправдуваат тезата дека здравата кујна може да биде интересна и вкусна. Пробајте ги трите рецепти со овесни снегулки кои ги препорачуваат Polleo Sport експертите.

ЗДРАВИ ПАЛАЧИНКИ:

Состојки:

  • 75 гр овесни снегулки
  • 3 јајца
  • банана
  • мала лажичка сода бикарбона
  • мала лажичка цимет
  • 30 гр протеин по желба

Припрема:

Сите состојки во миксер измешајте ги и печете ги на веќе загреана тава. Палачинките печете ги како американски палачинки, 1-2 минути на една страна и 20-60 секунди на другата страна. Палачинките може да ги јадете со путер од кикирики, протеински крем или сируп од тројно чоколадо/рафаело со 0 калории од Polleo Sport.

МАФИНИ СО ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ:

Состојки:

  • 120 гр овесни снегулки
  • 2 јајца
  • 2 банани
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 4 дл бадемово млеко

Припрема:

Бананите згмечете ги и додадете ги во јајцата и бадемовото млеко. Смесата додадете ја во сувите состојки и измешајте. Потоа ставете ја во калапи за мафини и на врвот додадете овошје, црно чоколадо или јаткасти плодови. Печете 20 – 25 минути на 180°.

ОВЕСНИ КОШНИЦИ:

Состојки:

Кошници

  • 120 гр овесни снегулки
  • 2 лажици мед
  • 2 банани
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажица мелени ореви
  • малку сол

КРЕМ

  • 4 лажици јогурт
  • пола цеден лимон
  • 1 лажица чиа семе
  • кора од лимон

ПРОТЕИНСКИ КРЕМ

  • 4 лажици грчки јогурт
  • дозерка протеин од ванила или јагода

Припрема:

Згмечете ги бананите и поврзете ги со другите состојки. Смесата ставете ја во калапи за мафини и печете 15 мин на 180° – со тоа ќе направите кошнички. Кошните наполнете ги со крем по избор и додадете овошје по желба.




Коментари

[fbcomments]