Категории

3 забавни празници кои треба да ги славите доколку Ви треба изговор за прослава

Доколку мислите дека Божиќ, Велигден, Халовин и слично се најглавните празници коишто треба да се слават во текот на годината, Ве чека изненадување. Во светот постојат многу празници за коишто веројатно никогаш не сте ни слушнале, а се забавни и се изговор да се опуштите.

Еве три забавни празници коишто може да ги прославите и да се забавувате:

1.  Ден на ништо

Ден на ништо е празник којшто се слави на 16 јануари. На овој ден забавуајте се не правејќи ништо.

2. Ден на рано напуштање на канцеларијата

Овој празник се слави на 2 јуни и има за цел да укаже дека луѓето се попродуктивни доколку некогаш поминуваат помалку часови во канцеларијата.

3. Ден за јадење дополнителен десерт

Овој празник се слави на 4 септември, луѓето се охрабруваат да се задоволат со уште еден дополнителен сладок десерт.

Прегледи:
112
Објавено на:
28.11.2022