3 женски особини кои никој маж НЕ ги сака

Недостигот на бонтон, грубоста и нељубезноста се некои од машките особини кои ја одбиваат секоја жена, но во прашање е двосмерна улица. Во анкетата спроведена врз мажи постари од 25 години до 45 години, откриваат кои се некои од женските особини кои тие никако не ги сакаат.

1. Трачеви за туѓи живот
Мажот на кого му се допаѓате сака да знае се за вас, но никако не го интересираат приказните од животот на вашите пријатели или колеги. На сите може да ни се испушти некој мал трач, но кога секоја ваша реченица е поврзата со туѓите животи, имате особина која не ја сака никој маж!

2. Грубост и нељубезност
Жените не се единствените кои приметуваат како нивниот партнер се однесува спрема келнерите или продавачите. Грубоста и негативноста не се убави особини и тие ќе останат во главата на секој маж.

3. Материјализам
Финансиската сигурноста претставува многу важен фактор за за многу жени кога е во прашање одбирањето на партнер. Истражувањето покажало како матерјално стаблните мажи им се многу по привлечни на жените од останатите.
Било дали спаѓате во оваа група на жени или не, отвореното признавање како парите ви претставуваат од огромна важност во почетокот на врската и во текот на запознавањето со мажот, не е нималку привлечно. Ако барате скапи подароци и отворено покажувате како неговите финансиски гестови ви се многу важни, морате да знаете дека тоа во машката глава изгледа многу лошо.




Коментари

[fbcomments]