Категории

#БизнисСреќа со Тодоровски Роберт: КЛИКНИ ЈАДИ кампања со намалена цена за достава и нова опција „подигни сам“

Интервју со Тодоровски Роберт – менаџер на продажба и маркетинг во Кликни Јади

Градењето на успешен бизнис подразбира иновативност, напорна работа и добар тим. „Кликни Јади“ е сервис кој се претстави на нашиот пазар како пионер, а потоа со брзина на светлината почна успешно да се препознава меѓу потрошувачите како бренд. Во ова брзо време, време на дигитализација, успешниот бизнис го прави одличниот тим зад себе, упорната работа, посветеност, и секако брзината на достава.

Денес на „Кликни Јади“ може да најдете преку 120 ресторани од Скопје, а нивното мени можете да го разгледате лесно преку вашиот компјутер или телефон, едноставно да одберете што ќе јадете и храната топла да ви ја донесат доставувачите на „Кликни Јади“ до посакуваната адреса.

Целиот концепт на брзо и лесно доаѓање на храната од омилениот ресторан до вашата адреса не е луксуз, туку е потреба во денешниот брз начин на живот, кога времето поминато на работа и со семејството повеќе значи од изгубеното време во пазарување и приготвување оброци.

Добрата идеја за ваков концепт совршено се вклопува во модерниот начин на живот и им го олеснува животот на многумина.

За тоа како работи „Кликни Јади“, предизвиците од работењето, како и новитетите кои следат, разговаравме со Роберт Тодоровски, мeнаџер на продажба и маркетинг.

1. Веруваме дека најважно на вашите клиенти им е што поскоро да пристигне нарачката на нивната адреса. Кои се предизвиците со кои се соочувате во секојдневието? 

-Клиентите се најважни, тоа е мотото на Кликни Јади. Секогаш даваме сѐ од себе за навремено да ја доставиме нарачката. Статистички гледано, имаме 96% навремена достава, со просечно време од 40 минути, со овој податок посебно се гордееме. Морам да ги пофалам доставувачите на Кликни Јади кои секогаш го даваат максимумот за топлите оброци да стигнат на посакуваната адреса.

2. Може ли да ја објасните опцијата “подигни сам”?

– “Подигни сам” е новa сервис-можност која ја нудиме за потрошувачите. Интересно е тоа што со оваа сервис-опција нудиме 20% попуст на храната од рестораните. Се одлучивме за ова, пред се затоа што многу клиенти директно нарачуваат храна од рестораните кои се во нивна близина и реално немаат потреба од достава. Искрено тргнувам од себе, живеам во населба каде што на само 50 метри има повеќе угостителски објекти од кои често нарачувам. Понекогаш, навистина одзема време чекањето на телефонска линија и нарачка за потоа да се подигне истата од ресторанот. Затоа, нашата одлука за “подигни сам”, сметаме дека е одлична можност за љубителите на добрата храна на кои не им се чека достава од околу 30-на минути, до нивната адреса. Ова е одлична алтернатива за брзо, ефтино а вкусно, очекуваме дека позитивно ќе се одрази на нашите потрошувачи.

3. Дали цело Скопје ви е на дланка, односно дали навремено доставувате во секој дел од градот?

– Да, целиот град успеваме да го најадеме, (се смее). Имаме нарачки од Бунарџик, Петровец, Сопиште, Сарај, тоа се сепак подалечни локации но нашите момци и девојки без проблем ги доставуваат нарачките навремено. Сакаме цела периферија на Скопје да знае дека може да смета на Кликни Јади.

4. Што луѓето најмногу нарачуваат, бургери, пици или нешто друго?

-Нема што не нарачуваат, слободно можам да кажам. Големите гурмани ги сакаат утринските чорби, но не изоставуваат да пробаат морска, брза, здрава храна, торти, палачинки и др. Доста е порачувана и готвената храна, но сакаат да вкусат и специјалитети како бифтеци, тестенини и др. Има и такви кои нарачуваат вино, жесток алкохол, суплементи за вежбање и многу други производи.

5. Веруваме дека за непречено снабдување на вкусна храна низ градот е потребен голем тим. Колкав е тимот позади Кликни Јади и дали планирате проширување?

– Моментално, велам така затоа што од ден на ден бројот на вработени расте, тимот брои 50+ од кои се разбира најголемиот дел се доставувачи. Секогаш сме во потрага по квалитетен кадар, затоа, ги охрабрувам сите кои се заинтересирани за работа во Кликни Јади, да пратат свое CV на [email protected]

6. Дали планирате некој нов бренд да внесете како дел од вашата понуда, со оглед на тоа дека имате веќе брендови како што се: Бургер Кинг, Фитнес Хаус, Воденица, Дукат, Пелистер, Ѕвезден Океан и др. ?

– Ние сме отворени за соработка со сите, на секој наш партнер му даваме еднаква шанса за промоција на своите производи. Што се однесува на вашето прашање, повеќето брендови се веќе присутни на нашиот сајт и нивниот број секојдневно расте.

7. Се случува ли да има неочекувани нарачки, односно несекојдневни нарачки?

– Има нарачки од секаков вид, на пример често почна да се случува од други земји како Германија, Шведска, итн., наши иселеници да нарачуваат за своите родители, роднини или пријатели како еден вид на изненадување. Најчесто реакциите се „не сме нарачале ние ништо,“ (се смее), но кога ќе објасниме дека е нарачано од негов роднина, пријател од странство, секогаш е позитивно прифатена нарачката. Честопати се случува да имаме големи нарачки, на пример, 140 бургери или 50 пици, кои се разбира се нарачуваат од страна на компании со кои имаме деловна соработка.

8. Дали во иднина, планирате проширување и по други градови?

– Многу пати сме размислувале на таа тема, дефинитивно ќе ги понудиме нашите услуги и во други градови низ Македонија. Тоа ќе биде дел од агендата за 2020 година, како и многу промоции и изненадувања.

9. Што се нуди на Кликни Јади друго, освен храна од омилените ресторани?

– Освен храна од моменталните 120 ресторани, нудиме повеќе видови на алкохол, вина од Бовин, суплементи од Strongest, свежо овошје и зеленчук, торти, а веќе сме во преговори за некои нови продукти, но сеуште е рано да се каже.

10. Дали сте во план за изработка на мобилна апликација?

– Да, веќе е започната изработка на мобилна апликација и се надеваме дека до крајот на годината ќе ја имаме во наши раце, односно дека ќе може да се користи. Апликацијата ќе го олесни нарачувањето од мобилен телефон, со што Кликни Јади ќе биде уште подостапно и полесно за користење.

11. Што може наскоро да очекуваме од Кликни Јади?

– Она што со сигурност можеме да го ветиме е дека и понатаму клиентите може да очекуваат квалитет, брза достава и флексибилност. Тимот на Кликни Јади во брзо време ќе ја реализира листата на проширување на асортиманот, како што веќе започнавме тоа да го правиме со пијалаци и суплементи (додатоци во исхраната). Неодамна започнавме и со доставување на храната од омилениот ресторан до игротеки за деца, како и одличната понуда за корпоративна зделка при достава на храна на работното место, каде што имаат можност за плаќање со фактура.