#365среќа Анастасија Плужникова: „Откако постои Аликас на вистински начин научив како да се радувам на среќата на другите. Кога работите со љубов, добивате љубов“

Во сезоната на свадби, покрај многубројните обврски при организирањето на еден од најважните денови во животот, од особено значење е вистинскиот избор на ресторанот.


Во мноштвото од ресторани, постои едно место кое освојува на прв поглед и кое откако ќе го посетите веднаш ќе посакате и вашата свадба да се случи таму. Станува збор за центарот за свадби и настани Аликас. За досегашните успеси, менаџирањето и функционирањето на Аликас зборуваме со Анастасија Плужникова, менаџер на Аликас.

  1. Како започна приказната наречена Аликас и кои беа вашите очекувања на самиот почеток?

Приказната наречена Аликас започна како идеја, но со бистра визија и креативност се претвори во реалност која на крајот излезе помагична од очекувањата. Кога знаете што сакате само небото е граница. Иако верувавме во нашите способности, сепак не знаевме дека Аликас за толку кратко време ќе стане препознатлив по својата уникатност. Денес, можеме нескромно да се пофалиме со многубројни однапред закажани свадби, како и други свечености, деловни и корпоративни состаноци и општествено-хуманитарни настани.

  1. Зошто токму Аликас? Што е она што го нудите кое нема да го најдат на ниедно друго место?

Оние кои веќе го имаат посетено Аликас го опишуваат како место каде што бајките стануваат реалност, а токму тоа и беше нашата идеја. Аликас е вистинскиот избор бидејќи во него е вложено многу љубов при креирањето и на најмалите детали. Освен со својот уникатен изглед, тој плени со својата практичност, можност за трансформација, а секако квалитетното мени е тоа што ќе ве задржи. Аликас е единствен и по својата прилагодливост за сите временски услови, акустичноста која е од особено значење за сите прослави, просторот за матично каде што невестата и младоженецот го изговараат првото „Да“, како и прекрасното катче за невестите. Сето ова и уште многу други поволности го прават Аликас вистинското место за крунисување на љубовта.

  1. Покрај свадбените свечености, Аликас е веќе позната локација и омилен избор за одржување на деловни состаноци и настани од секаков вид. Како успевате да се посветите на сите овие настани во Аликас и успешно да ги организирате?

Откако добивме многу позитивни критики а нашата работа, спонтано дојде и идејата за организирање и на поинакви настани. Секој кој го посетил Аликас знае колкави се можностите за негова трансформација и прилагодување на потребите. Со одржувањето на настани и состаноци Аликас добива еден нов лик, нова димензија, нови успеси.

  1. Велат работи го она што го сакаш и нема да треба да работиш ниту еден ден во животот. Бидејќи среќата е тесно поврзана со вашиот бизнис, какво е чувството кога знаете дека постојано им овозможувате на заљубените парови да ги започнат своите среќни приказни токму кај вас?

Откако постои Аликас на вистински начин научив како да се радувам на среќата на другите. Кога работите со љубов, добивате љубов. Кога сте причина за нечија среќа, среќата станува ваше секојдневие.

  1. Што би им порачале на младите заљубени парови кои се уште не ја резервирале својата свадба, а сакаат набргу да ја крунисаат љубовта?

Вратите на Аликас се секогаш отворени за љубов. Се што треба да направат е да не исконтактираат и да резервираат некој од останатите слободни термини. За се останато се грижиме ние, на нив останува само да уживаат и да ја слават љубовта.




Коментари

коментари