Категории

#365Среќа Диџеј Галоски: „Со секој настап се обидувам истата енергија од светот да ја пренесам назад во земјава“

Светско, а наше… Докажан диџеј кој се вбројува во еден од најуспешните диџеи во нашата земја. Страствен љубител на електронската музика, кој успева својата љубов да ја пренесе пред голема публика, настапувајќи пред докажани фестивали, турнеи надвор од нашиот континент, поддржан од најеминентните имиња во електронската музика. Уживајќи во заедничкото кафе на Бродот на среќата, денес разговараме за сите среќни моменти, успеси и идни планови со нашиот најистакнат диџеј Галоски.

Кристина: Живееме во време кога се случува огромен подем на технологијата, а со тоа се отвора патот кон многу правци, а електронската музика е еден од нив. Постојат многу диџеи и кај нас, но ретко кој од нив може да се пофали со успесите кои ги имаш постигнато. Како започна твојата приказна и вљубувањето во музиката?

Галоски: Се заљубив во електронската музика во 2004-та кога добив подарок DVD со „Tiësto in Concert”, а уште пред тоа бев колекционер на денс и поп музика. Приказната со диџејството започна истиот ден кога го изгледав концертот на Тиесто, толку инспириран и со искрена детска желба да станам и јас диџеј, да настапувам на големи настани како него. Почнав со диџејство кога имав 14 години, а почнав да учам и работам продукција на 16 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Galoski (@galoskimusic) on


Кристина: Твоето досегашно искуство е збогатено со многу успеси и настапи, а минатата година се одржа и твојата евроазиска турнеја Ultra Music Festival во Сингапур кој важи за еден од најреномираните фестивали за електронска музика во светот. Какви се твоите импресии од овој настан и како беше прифатен од публиката?

Галоски: Да настапувам на Ултра Мјузик фестивалот ми беше сон уште од самите почетоци, целата таа фама околу фестивалот воедно беше и голема инспирација за мене. Уште на почетокот на кариерата си ветив дека на сите фестивали што сакам да ги посетам, ќе одам како артист и ќе настапувам, остана уште Tomorrowland, се надевам дека во некое од следните интервјуа ќе раскажувам за тој фестивал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Galoski (@galoskimusic) on


Кристина: Една од најголемите глобални музички ѕвезди Дејвид Гета го поддржа твоето издание насловено како ‘Shake It Down’. Во 2018 година потпиша издание за Armada Music издавачката куќа која е во сопственост на еден од најголемите диџеи во светот – Armin van Buuren. Како дојде до оваа соработка и покрај сите овие ангажмани дали успеваш да се посветиш и на приватниот живот?

Галоски: Дејвид Гета е жива легенда, скоро секое издание од самите почетоци ми е поддржано во неговата радио емисија која има милионски слушатели ширум целиот свет, годинава двапати ја заврте “Shake It Down” .  Минатата година беше одлична и посебно чест е што после 2011-та имав повторно издание на Армада Мјузик кај Армин ван Бјурен. Годинава пак потпишав издание за Spinnin Records која важи за најголема издавачка куќа на денс музика во светот, место од кое изглегуваат најголемите светски денс хитови. Приватниот живот е воедно и целава оваа приказна за која ви раскажувам, живеам и го работам она што го сакам со сета страст сите 24 часови во денот ми се посветени на музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Galoski (@galoskimusic) on


Кристина: Среќата е предуслов за многу нешта во животот, а секој од нас ја доживува на различен начин. Што е за тебе среќа?

Галоски: Еден период и јас се прашував самиот што е тоа среќа, верувам дека среќата сите ние ја доживуваме на различен начин. Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се остварени, искрено за мене СРЕЌА Е да се пушта музика пред многу многу публика и да видиш премногу насмеани лица, тогаш сум најсреќен – тоа е непобедливо чувство за мене.

Кристина: Имаше низа успешни настапи и турнеи од едниот до другиот крај на светот, настапи во Јапонија во три од најдобрите десет клубови во Токио, Австрија, Словенија, Србија, Украина, Хрватска, Шпанија, Сингапур … Несомнено е дека имаме светски диџеј од нашата земја. Кои се твоите идни планови?

Галоски: Целата визија, уште од самите почетоци зборувам за тоа кога имав 14 години ми беше да успеам да направам работи и успеси кои никој претходно во историјата на електронската музика во земјава не ги достигнал и да оставам посебен белег и наследство за самата диџејска култура. Посебно ми е мило што имам прилика да ја поставам Македонија на мапата на електронската музичка сцена во светот и да отворам нови патишта како и инспирам нови генерации наназад, дека се е возможно. Само во последниве 2 години имав настапи во повеќе од 25 земји, музички изданија на врвни издавачки куќи и поддршка од сите најголеми диџеи од минатата и оваа деценија. Секој настап на страна е посебна доза инспирација за мене, пробувам истата енергија од светот да ја пренесам и назад во земјава.

Разговорот го водеше: Кристина Поптрпева

Локација: Бродот на среќата