#365среќа Елеонора Миљковиќ: „Господ секогаш најтешките битки ги дава на најјаките борци, што значи дека никогаш во животот не треба да се откажеме“

Атрактивна девојка која плени со својата убавина, но и со својата искреност, комуникативност и едноставност. Позната како заштитно лице на повеќе брендови, меѓу кои и првиот и најдобар центар за убавина Anti Aging Center by Promoitalia, а отсега многу често ќе ја гледаме во моделите на модната куќа Елена Лука, со која од неодамна потпиша договор. За нејзиното искуство во реалното шоу „Задруга“, како и грижата за нејзината убавина, среќата и секојдневните обврски, во ова издание на #365среќа разговараме со Елеонора Миљковиќ на Бродот на среќата.

Кристина: Македонската јавност те запозна преку учеството во реалното шоу ,,Задруга 2”. Какво беше твоето искуство таму?

Елеонора: Кога станува збор за реално шоу можам да кажам дека колку што е застапено позитивно искуство толку е застапено и негативно искуство. Ниту еден човек кој живее нормален живот не го искусил животот во едно реално шоу како што е Задруга. Добрата страна е тоа што баш таму сфаќаш колку си навистина издржлив и учиш некои нови работи за самиот себе. Не се каам што бев дел од тоа шоу, но не би влегла повторно во такви услови.

 

 

Кристина: Важиш за личност која многу внимава на својот изглед. Како ја одржуваш топ формата?

Елеонора: Навистина е тешко да се оддржи форма каква што јас посакувам и според моите стандарди и желби сѐ уште ја немам постигнато посакуваната форма. Голем гурман сум и сакам да јадам поради што поминувам доста време во теретана. Нормално дека гледам да се хранам што можам поздраво. Има периоди кога навистина многу внимавам што јадам… тоа се тие периоди пред летниот одмор. Но, сепак постојат и периоди кога многу се опуштам и си дозволувам да јадам се што ќе посакам во секое време од денот. Исто така тука се и Anti Aging Center by Promoitalia кои што навистина имаат најсовремени методи за оддржување на телото во топ форма и јас сум нивен редовен клиент. Морам да кажам дека нивниот стручен тим е најдобар и најуслужлив и кога сум таму се осеќам како да сум дома.

Кристина: Среќата секој од нас ја толкува на различен начин. Што претставува среќата за тебе?

Елеонора: Среќа е да си жив и здрав човек, како и твоите најблиски и најсакани да се секогаш до тебе живи, здрави и дом исполнет со мир, љубов и хармонија.

Кристина: Што правиш во слободно време?

Елеонора: Во последно време навистина имам голем број обврски, па слободното време го поминувам во прегратките на мојот сакан… таму се осеќам најубаво и најсигурно.

Кристина: Кое е твоето животно мото?

Елеонора: Моето животно мото е дека Господ секогаш најтешките битки ги дава на најјаките борци, што значи дека никогаш во животот не треба да се откажеме!

Разговорот го водешеКристина Поптрпева

ЛокацијаБродот на среќата

Стајлинг на водителкатаivaspasovska_atelie

Стајлинг на гостинката: Елена Лука




Коментари

коментари