Категории

#365среќа Ивана Каратукова: „Ако се сакате себеси започнете со вежбање и уверете се зошто PowerHouse Pilates е вистинскиот избор!“

Во #365 среќа секогаш разговараме со личности кои ја пренесуваат својата позитивна енергија врз другите на најдобиот начин што умеат. Спортот и физичката активност играат голема улога во полнењето со позитивните вибрации истовремено одржувајќи ја здравствената состојба на високо ниво. Комбинацијата од спорт, забава и задоволство секогаш е добитна комбинација.

Токму затоа, во ова издание на #365среќа зборуваме со Ивана Каратукова, инструкторка во најпознатото и најстарото пилатес студио кај нас, PowerHouse Pilates.

1. Како започна твојата пилатес приказна?

За пилатесот како техника дознав уште додека бев во средното балетско училиште. Во светот веќе на голема врата доаѓаше техниката која помага за зајакнување и издолжување и на најдлабоките мускулни влакна, како и техника која помага физиотерапевтски на телото. Јас се запознав со пилатесот пред 16 години преку мојата менторка Ирина која прва го донесе пилатесот во Македонија. Со моето балетско искуство веднаш се пронајов во техниката која се надополнува со прецизноста и креативноста кој тој го бара. И од тогаш до денес секојднeвно си ги развивам тренинзите и комбинациите на вежбите.

2. Зошто PowerHouse Pilates е вистинскиот избор?

Одговорот е едноставен. Powerhouse Pilates е прво специјализирано пилатес студио во Македонија. Знаеме што сакаат девојките, знаеме со кој интензитет да го спремиме тренингот. Нашите часови секојдневно се менуваат и сме студио со најголем број на реквизити кои се користат за време на тренинзите. Користиме реквизите кои се трендовски како TRX и BOSU ball, добро познатите боксови, степери пилатес топки, медицински топки со различни тежини, како и ластици, тегови. Девојките кај нас треба да понесат само ведар дух за вежбање а за останатото се грижиме ние.

3. Дали женската популација кај нас посветува доволно време на својот физички изглед и грижата за своето тело?

Во моето 16 годишно искуство морам да признаам дека сѐ поголем број на девојки и жени се грижат за себе. Расте границата од-до за тоа кога е најдобро да се вежба, имаме девојциња од 15-16 години а имаме и возрасни жени од над 50 години. И за секоја од нив имаме токму тоа што им треба. Многу ме радува фактот што женската популација се грижи и за своето тело но и за својот дух, и самите кажуваат дека времето поминато кај нас во студио им е омилениот период од денот.

4. Луѓето кои ја трошат вишокот енергија преку физичка активност најчесто се исполнети со позитивна енергија. Дали се сметаш за позитивна личност и што претставува среќата за тебе?

За тоа дали сум позитивна личност најдобро можат да кажат моите вежбачки. А за тоа што претставува среќата за мене можам да кажам дека секојдневниот живот кој ми е исполнет од утро до мрак и тоа како ме прави среќна. Двете ќерки кои ме гледаат со очиња полни љубов, сопругот кој безусловно ме поддржува во мојата работа, девојките кои секојдневно ги гледам со задоволни коментари од извежбаниот тренинг, природа во било кој период во годината, балетска претстава. Има многу мали нешта во животот што на дневно ниво ме прават среќна.

5. За сите оние кои сѐ уште се двоумат дали да започнат да ги посетуваат вашите пилатес часови во PowerHouse Pilates кој е твојот совет?

Мојот совет е ако се сакате себе ќе почнете да се грижите за своето тело и позитивна енергија. Без разлика дали сакате да вежбате за да изгледате физички подобро или сакате да се испразните од насобраната негативна енергија да дојдете на тренинг во едно од трите наши студија во Дебар Маало, Кисела Вода и Аеродром и сами да се уверат зошто Powerhouse Pilates и после 17 години секојдневно придонесува за насмевките на многу девојки и жени од Скопје.