#365среќа Катерина Попева: „Срцето ми се полни кога гледам дека ги мотивирам другите да бидат најдобрата верзија од себе“

Катерина Попева позната како „Кате Trinity“ и „Кате Hard to explain“ е девојка која инспирира поради својот начин на живот. За неа слободно може да се каже дека важи изреката „работи го она што го сакаш и нема да треба да работиш ниту еден ден во животот“.

Таа комплетно се вложува себеси во она што го прави, со многу креативност, дисциплина и мотивација. За поврзаноста помеѓу уметноста и фитнесот, бодибилдингот и многубројните физички и ментални придобивки, во ова издание на #365среќа зборуваме со неа.

1. Дел од јавноста те запозна како дизајнер во ателјето „Hard to explain“, а поголемиот дел како инструктор во Што е она што ги соединува уметноста и креативноста од една страна и спортот и физичката активност од другата страна?

Да, точно е дека дел од јавноста ме знае како моден дизајнер, а дел ме знаат како фитнес тренер. Тоа што ги спојува овие две професии е креативноста. И фитнесот е уметност, бидејќи можеш да го обликуваш своето тело како сакаш, а тренерот е скулпторот на твоето тело. Секако, јас сакам да се грижам за изгледот на другите, да се дотерани во добар аутфит и кога се облечени и кога се соблечени. Ако си креативен во едно, ќе бидеш креативен во сѐ. Ете тоа е она што ги соединува овие две професии и ги прави многу слични. Надворешниот изглед или аутфитот говори за тоа како се чувствувате внатре. Колку подобро изгледа еден човек, толку поголема самодоверба има.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katerina Popeva (@ka3inity_) on

2. Што се крие позади твојата челична, совршено обликувана фигура? Која е Катерина приватно?

Па, позади мојата челична фигура се крие челична жена:) Јас сум таква секогаш, во секое поле, но во суштина сум емотивна иако ретко го покажувам тоа и ретко кој може да го почувствува тоа, само оној кој вистински ме познава. Приватно Катерина е војник исто како во работата. Она што го гледате, јас вистински го живеам. Дисциплина и посветеност во сѐ што правам.

3. Trinity го прославува својот петти роденден. За овој период ја стекнавте довербата на голем дел од женската популација во нашиот град што мора да признаеме не е воопшто едноставно. Може ли да се заклучи дека жените кај нас водат сметка за својот изглед и здравје преку редовна физичка активност?

Навистина кога ќе размислам наназад дури и не можам да поверувам дека Trinity постои веќе 5 години. Да, сега мислам дека жените полека се научија да водат грижа за својот изглед и своето здравје. Сѐ повеќе и повеќе вежбаат не само жени, туку и мажи што искрено многу ме радува. Тоа можеме да го заклучиме по бројот на вежбачи во Trinity.

4. Кога ќе погледнеш наназад, во минатите пет години, дали Тринити ја достигна вашата првична визија и што понатаму?

Да, секако дека Trinity ја постигна дури и ја надмина нашата првична визија. Тимот на Trinity планира уште многу проекти и новитети, ги пратиме сите фитнес трендови, се грижиме за квалитетот колку повеќе можеме и секако сакаме вежбачите да се задоволни и насмеани, полни со позитивна енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katerina Popeva (@ka3inity_) on


5. Покрај пилатесот и фитнесот, успеа да се докажеш во бодибилдингот, освојувајќи награди и признанија. Што доби преку бодибилдингот, а од што мораше да се откажеш?

Покрај тимската работа и групните тренинзи во кои уживам, голема пасија ми е бодибилдингот. Сите ме прашуваат што добивам и зошто го правам тоа, но јас едно ќе кажам… едноставно уживам, вежбам не само поради изгледот иако на крај тоа се оценува, но овој спорт е многу повеќе од тоа. Самоконтрола, дисциплина, поместување на граници, издржливост, истрајност.

Ме направи посилна, се изградив како личност на поинаков начин и секако, би сакала да претставувам мотивација за другите, да не се откажуваат не само во спортот туку и општо за сѐ во животот. Да бидат силни, издржливи, да бидат најдобрата верзија од себе, не само физички туку и ментално. Срцето ми се полни кога гледам дека ги мотивирам и инспирирам другите, како што и јас имам огромна мотивација и поддршка од мојот ментор и тренер Мирко Петровски.

Сите ми велат, се откажуваш од ноќните излегувања, од храна, алкохол. Како издржуваш? Но, бидејќи ова е мојот животен стил, јас од ништо не се одрекувам туку едноставно уживам во целиот процес.

6. Среќата е релативен поим кој нема исто значење за секого. Доколку треба да дадеш дефиниција, од досегашното животно искуство, што е за тебе среќа?

Среќа е состојба на умот. Среќа е да ги правиш другите среќни. Среќа е безусловно да сакаш.




Коментари

коментари