Категории

#365среќа Милена Антовска Станковска: „Од септември гледачите ќе имаат можност да ме гледаат во сосема нов проект“

По кратка пауза, на големо задоволство на гледачите, познатата водителка Милена Антовска е повторно пред малите екрани. Поради својата елоквентност надополнета со исклучителен шарм, харизма и позитивна енергија, веќе со години важи за едно од најомилените ТВ лица кај нас.

Покрај утринската емисија „Здраво Македонијо“ во која навикнавме да ја гледаме, таа покажа дека може одлично да се вклопи и во други проекти. Во ова издание на #365среќа токму со неа ќе говориме за нејзините идни планови, проекти, како и за најсреќните мигови во нејзиниот приватен живот.

1. Твоето отсуство од работното место беше навистина оправдано и се должи на раѓањето на твојата ќерка Лана Марија. За убавините и благодетите, но и промените кои доаѓаат со мајчинството говоревме во претходното интервју. Сега откако се врати на телевизиските екрани, како успеваш да постигнеш се и дали ти беше потребно време да се адаптираш на новите работни проекти?

Уште пред да се вратам на работа, размислував на оваа тема и морам да признаам дека бев малку загрижена дали ќе успеам да постигнам се, без да ги запоставам семејството и работата. Но, веројатно кога го сакате тоа што го работите многу бргу се враќа и работната навика и амбиција. Во врска со домашните обврски се трудам да ги завршувам најдобро што можам, но сигурно не би успеала без мојот сопруг и нашето семејство.


2. Важиш за жена со изграден стил која секогаш изгледа убаво. Секоја личност која се занимава со јавна професија е подложна на јавни коментари, пофалби и критики во врска со надворешниот изглед, шминката, облеката. Колку се менуваше твојот стил низ годините и колку време посветуваш на тоа?

Кога започнав да се занимавам со оваа професија имав само 22 години, па така и изборот на облека се трудев да го прилагодам на годините, а сепак да одговара и на емисијата. Отсекогаш сум ги следела модните трендови, но до одредена граница бидејќи многу ми е важно да внесам нешто свое и препознатливо. Денес слободно можам да кажам дека грижите околу изборот на облеката значително се намалени бидејќи во бутикот „Дијас“ се наоѓаат парчиња облека токму по мој вкус. На мене останува само да ги искомбинирам и да се појавам пред камера задоволна и насмеана.

@milliemilaa 🛍📍#dijasbutik

A post shared by Dijas (@dijas__butik) on

3. Дали се сметаш себеси за среќна личност и што е она што ти предизвикува огромна среќа во последниов период?


Навистина сметам дека сум среќна личност и дека секојдневно ги остварувам своите соништа. Секако, има уште многу нешта кои сакам да ги реализирам и постигнам, но во моментов целата среќа е поврзана со моето семејство, а особено мојата ќерка. Можам да го издвојам нејзиното проодување кое се случи пред неколку денови. Го доживеав толку емотивно што кај мене предизвика солзи радосници. Секој родител сигурно ќе ме разбере каква неизмерна среќа и благослов е да имаш дете.

4. Што може да очекуваат гледачите од тебе во иднина? Дали и понатаму ќе те гледаат во утринската програма на Канал 5 или пак подготвуваш нешто ново?

@milliemilaa #dijasbutik #fashion2018 #style #skopje ❤💙💛💚💜

A post shared by Dijas (@dijas__butik) on


По долго време, почувствував потреба за нешто ново, промена која се надевам ќе внесе освежување и ќе биде одлично прифатена од страна на гледачите. Ова досега го немам откриено, но ексклузивно за среќа.мк ќе го најавам новиот проект, нешто сосема поразлично, a ќе започне во септември. Нема да откривам повеќе, наскоро ќе ги дознаете сите детали.