#365среќа Никола Шескокалов: „Кросфитот е прилагодлив и се работи со вашиот капацитет и снага, а целта е да го подобри квалитетот на вашиот живот“

Кросфитот е дисциплина која што зема сѐ поголем замав, а тоа не е поврзано со никаков тренд, туку исклучиво со природата, динамиката и разновидноста која ја нуди. Одржувањето на физичката кондиција значи грижа за своето здравје, но не е едноставно да се мотививираме за да започнеме со вежбање. За мотивација е потребен секојдневен предизвик, а тоа е нешто што го нуди Кросфитот.

Во ова издание на #365среќа зборуваме со Никола Шескокалов, вљубеник во спортот, спортските активности, а особено во Кросфитот како дисциплина.

1. Кој е Никола и со што се занимава?

Јас сум Никола, имам 28 години и речиси пет години сум вработен во Магнетик како оперативен директор. Слободното време сакам да го користам претежно за рекреација, кросфит, возење велосипед и од indoor активности преферирам видео-игри и филмови.

2. Како започна твојата приказна во CrossFit Skopje и колку време вежбаш кросфит?

За кросфит прв пат слушнав од колега во 2014. година. Најпрво ми беше чудно и не можев да замислам како изгледа тој тип на вежбање и која е суштината. По извесно време направив истражување и решив да се зачленам во CrossFit Skopje, некаде пролетта 2015. година. Не беа потребни многу часови за да ми се допадне и да станам редовен и посветен на спортот. За сето тоа најзаслужен беше тренерскиот персонал, динамиката на вежбањето, учењето и извршувањето на нови движења како и разновидноста која се зголемуваше од тренинг во тренинг. Веќе три ипол години сум активен и работам на усовршување на движењата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrossFit Skopje (@crossfitskopje) on

3. Што промени кај тебе кросфитот?

Од каде да почнам… Од животни навики, најпрво ми воведе во распоред речиси секојдневно вежбање и ме натера да внимавам на својата исхрана. Од физички аспект, во КФСК дојдов како просечно активен човек, но со тек на време и напорна работа значително го зголемив својот капацитет и снага и достигнав високо ниво во извршувањето на движењата што ми дава шанса повремено и да се натпреварувам во кросфит. Сето ова доста ми помага во извршување на секојдневните активности и надвор од сала бидејќи генералното ниво на фитнес значително ми се подобри.

4. Што претставува среќа за тебе?

Можеби е меинстрим, но среќа е да вежбаш кросфит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrossFit Skopje (@crossfitskopje) on


5. И за крај, што би им препорачал на оние кои не почнале да спортуваат кросфит?

Без разлика, дали сте активни или не, вежбате нешто друго во моментот или не, без разлика на тоа колку години имате, кросфит е буквално за сите. На интернет можете да најдете видеа кои може да ве исплашат поради релативно големите килажи кои се користат и високиот интензитет, но во пракса тоа не е така. Кросфит е прилагодлив и се работи со вашиот капацитет и снага, и целта е секогаш да го подобри квалитетот на вашиот живот.




Коментари

коментари