#365среќа Олгица Стојимировиќ: „Се стремам да бидам кристално јасна и силна во својата визија, но и отворена да покажам нешто поинакво на пазарот“

Негувана жена не подразбира само жена која се грижи за својот надворешен изглед, туку комплетна, софистицирана дама која вложува во себе, знае што сака и е успешна во тоа што го прави.

Во ова издание на #365среќа зборуваме со сопственичката на Anti Aging Center by Promoitalia, Олгица Стојимировиќ која е соодветен пример за дефиницијата на негувана жена и главен виновник за самодовербата и насмевките на лицата на многу мажи и жени кои редовно го посетуваат нејзиниот центар за убавина. За третманите, тимската работа и правилната нега на лице и тело, разговараме со неа во ова интервју.

1. Со отворањето на Anti Aging Center by Promoitalia кај нас, слободно може да се каже дека започна едно поинакво сфаќање и разбирање на убавината и негата. Како дојдовте до идеја да го започнете овој бизнис?

Развивајќи се во индустријата за козметиката и нега на кожа научив рано дека таа убавина е форма на самопочит, што треба да се слави. Постои момент на ранливост и интимност правејќи било каква промена на нечие лице, без разлика дали е тоа привремена или трајна промена. Нашите лица се уникатни и поради тоа од витално значење е клиентите да се чувствуваат згрижени и во вистински раце, создавајќи незаборавно позитивно искуство.


Кога ја започнував својата кариера во полето на медицинската козметологија утврдив колку всушност мал акцент се става токму на овие моменти. Видов можност да ја разбранувам индустријата, нудејќи клинички веродостојна козметичка услуга за убавина, на елегантен начин и во софистициран амбиент. Се стремам да бидам кристално јасна и силна во својата визија, но и отворена да покажам нешто поинакво на пазарот.

2. На сите оние кои сакаат да корегираат нешто на себе, а се двоумат дали е премногу рано за тоа, што би им препорачале? Кога е вистинско време да се започне со третмани за освежување и нега на кожата?

Дали на кожата ќе и бидат потребни антирид и регенеративни третмани пред 30-ата година зависи од многу фактори, пред се од генетиката, начинот на живот и дали клиенките биле бремени.

Во секој случај, после 25-ата година можат да се прават третмани за превенција од брчки, а до тогаш би требало да се користат хидратантни и заштитни креми.

Проблематичната кожа подложна на акни бара интензивна нега и повремена посета на дерматолог. Козметичката нега подразбира интензивно чистење на лицето еднаш месечно, а тоа вклучува професионален пилинг, чистење на митисерите, адекватна дезинфекција и завршна нега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Периодот по 30-ата година е вистинско време за започнување со третмани за интензивна нега на кожата, бидејќи од тогаш почнуваат да се забележуваат првите знаци на стареење – фини линии, мимични брчки, недостаток на свежина и намалување на тонусот, дехидратација.

Во нашиот Центар постои широка палета на третмани за сите наведени проблематики, кои најчесто ги избираме заеднички со клиентите при бесплатните консултативни прегледи.

Сугерираме по 30-тата година да се размислува и за поздрав начин на живот, внесување на најмалку 2 литри вода дневно, балансирана исхрана, витамини, антиоксиданси, избегнување на сончање на силно сонце и стрес, како и добар сон.

3. Секојдневно сте причина за среќата на многу жени и мажи, како главни „виновници“ за враќањето и создавањето на нивната самодоверба. Какво е чувството кога знаете дека усреќувате некого и што е она што ве прави вас среќна?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Клиентите се срцето на нашата пракса. Всушност, тие се причина зошто сум во овој бизнис. Поради тоа, многу ми е важно да ги задржам среќни. Среќните клиенти се со поголема веројатност да ни се вратат во иднина, како и да не препорачаат на нивните семејства и пријатели. Се трудиме со сите средства да ги третираме нашите клиенти со високо квалитетни препарати и најнови технологии.

Тимот е клучен за среќата на клиентот. Досегашното искуство ми покажа дека всушност работите кои ги прават среќни клиентите се бесплатни, и токму поради тоа инсистирам од тимот, покрај професионалниот момент, секогаш да споделуваат насмевки, да бидат пријатни соговорници и добри слушатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Сите ние сакаме да бидеме сакани, да се чувствуваме важни и да знаеме дека другите луѓе се грижат за нас. Водиме евиденција за секој клиент одделно и секој член на тимот добро е запознаен, па иако со некои од нив се гледаме еднаш на 6 месеци, се сеќаваме и го знаеме неговото име, допринесувајќи да ја чувствуваат нашата грижа. Задоволството на клиентите ме прави среќна.

4. Покрај многубројните третмани и производи против брчките и предвременото стареење, во Anti Aging Center by Promoitalia се извршуваат и нехируршки интервенции на нос и уста кои успешно ги прикриваат недостатоците. Која е предноста на нехируршките интервенции наспроти хируршките зафати?

Нехируршките и хируршките процедури се различни и даваат различен резултат. Во зависност од желбата и потребата на клиентите утврдуваме дали се кандидати за едниот или другиот вид на процедури, или пак за двете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Нехируршките техники често се нарекуваат и неинвазивни, или во некои случаи минимално-инвазивни процедури или третмани. Овие процедури имаат за цел да ги задоволат желбите и потребите на клиентите давајќи суптилни промени со елегантни и софистицирани методи за работа. Нехируршките третмани немаат за цел да создаваат лузни, без здравствен проблем да прават шок на организмот од локалната, и особено по општата анестезија. Без болка и период на реконвалесценција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Најпопуларните нехируршки процедури се ботокс, ласерско отстранување на несаканите влакна, хијалуронските филери за брчки, пополнување на усните, контурирање и лифтинг на лицето, хемиски пилинзи и мезотерапија за подобрување на текстурата на кожата и отстранување на брчки, лузни и хиперпигментација, PRP третман со сопствена плазма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Нехируршките техники се ефикасни во постигнување на резултати кај пациенти кои сакаат да ги превенираат или спречат знаците на стареење на еден посуптилен начин. Третманите се исклучително ефикасни во постигнување на одлични резултати и кај мажите и кај жените.

5. Покрај негата и грижата за лицето, Anti Aging Center by Promoitalia се грижи и за целосниот изглед на секој клиент, нудејќи бројни третмани како што сте третманите за слабеење, отстранување на целулит, отстранување на тетоважи, ласерска епилација… Кој е најпопуларниот третман кој најчесто го бараат клиентите од вас?

Познато е дека во светот третманите на медицинската козметологија, поради високата цена на истите, се достапни само за високата класа во општеството.

Една од целите кои си ги поставив пред отварањето на Promoitalia anti aging Центарот беше да ги направам третманите достапни за поголем број на луѓе со тоа што редовно правиме промоции со големо намалување на цените, дури до 50%. Така што, со гордост можам да кажам дека имаме огромен интерес за сите процедури со кои располагаме, но секако, хијалуронските филери и ботоксот го делат првото место.

6. Постојано го усовршувате своето знаење во сферата на убавината и естетиката изненадувајќи ги клиентите со нови третмани, апарати и производи. Што можат да очекуваат во иднина од вас сите верни и идни клиенти?

Секој член на тимот поминува низ обемна програма за обука пред да почне да работи со нас, за да го научат нашиот пристап и патентираните техники, но и да осигураме дека ќе придонесува конзистентен, сеопфатен и неверојатен исход кај секој клиент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Ние никогаш не престануваме да тренираме, учествуваме на сѐ понапредни обуки. Идејата е да обезбедиме доследно искуство, градење на кариера и следење на светските трендови.

Promoitalia како бренд вложува повеќе од 20% од профитот на годишно ниво за научни истражувања, што гарантира производство на нови апарати, продукти и техники во иднина.

 

View this post on Instagram

 

Посетете не❣️

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on




Коментари

коментари