Категории

#365среќа Сандра Трипуновска: „Флај туризам постои за да ги оствари вашите желби, а на вас останува да ги спакувате куферите“

Во текот на летните сончеви денови, најпоставуваното прашање кое го слушаме периодов е „Каде на одмор?“. Колку и да сакаме да ги оставаме работите на случајноста, сепак порано или подоцна треба да се одлучиме за дестинацијата, периодот и потребните услови за годишниот одмор.

Доколку сè уште се двоумите околу изборот или пак не можете да најдете соодветен аранжман, препуштете го тоа на професионалците кои со задоволство ќе го направат тоа за вас. Туристичката агенција „Флај туризам“ секојдневно ги зголемува своите понуди кои се внимателно адаптирани за сечиј џеб. За најновите понуди, за сите поволности и индивидуални патувања, во ова издание на #365среќа зборуваме со Сандра Трипуновска, сопственичка на Флај Туризам.

Флај туризам успешно опстојува од 1989 година и им ги обезбедува на граѓаните патувањата од соништата. Колкава е одговорноста да се води приватен бизнис од сферата на туризмот и колку труд треба да се вложи за да се напредува?

Водењето на приватен бизнис без разлика од која сфера со себе носи многу голема одговорност, како кон клиентите, така и кон вработените. Туризмот е дејност која веднаш се поврзува со патувања, а тоа секогаш звучи примамливо и интересно, меѓутоа за да успеете да ги задоволите барањата и потребите на сите клиенти, да овозможите поволни услови и примамливи дестинации и никогаш да не престанувате да се надоградувате е навистина напорно, но на крај трудот секогаш се исплати.

Зошто е Флај туризам вистинскиот избор?

Ние никогаш не се трудевме да се наметнеме како вистински избор, задоволните клиенти го направија тоа. За да се дојде до тоа ниво, потребно е да понудите нешто поразлично, да се прилагодите кон барањата на секој клиент, а за го овозможите тоа потребни се многубројни контакти и партнери како во земјава така и надвор од неа. Флај туризам има свои бизнис партнери во Малта, Шпанија, Дубаи, Тунис, Турција, Кипар, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Грција и Албанија, со чија помош им обезбедува беспрекорен одмор на своите клиенти.


Што се нуди Флај туризам и кои активности ги опфаќа?

Во Флај туризам ќе најдете буквално се што ви е потребно за да уживате во вашето патување, а тоа опфаќа: Продажба на пакет аранжмани од странски тур оператори на домашен пазар, продажба на пакет аранжмани за земјава на странски туристи, продажба на авио билети, организација на ученички екскурзии, како и организација на семинари и конгреси. Туристичката агенција Флај туризам е една од првите агенции која е специјализирана за организирање летувања, зимувања, семинари, излети како и организирање патнички и туристички превоз. Со својата работа Флај туризам допринесе многу на полето на туризмот во Македонија како и подобрување на понудата на Македонската туристичка берза.


Речиси се што правиме во животот, се она за што се залагаме, трудиме и бориме е поради желбата да бидеме среќни. Среќата е емоција која истовремено исполнува и мотивира. Што е за вас среќа?

Најкратко кажано, за мене среќа е моето секојдневие, а него го сочинуваат многу нешта. Пред се, најголемата среќа и гордост во мојот живот е моето семејство, а кога на тоа ќе се додаде мојата професија, успешната работа и насмеаните лица на задоволните клиенти, слободно можам за себе да кажам дека сум среќна жена.

Во текот на летната сезона, кои дестинации им ги препорачувате на сите оние кои се уште се немаат одлучено каде да го поминат летниот одмор?

За сите оние кои се уште се двоумат, како прв предлог го препорачуваме раскошното зеленило на Пелион, тиркизното сино море и песочните плажи во Агиос Јоанис. Прекрасно место со песочна долга плажа, кристално чисто море и уште други прекрасни плажи кој ќе ве остават без здив на само 5 и 12 мин пешачење, а сместувањето е во хотел Маро кој се наоѓа прв ред до плажата. Доколку сакате да се будите и заспивате со поглед на море, резервирајте го вашиот летен одмор на оваа дестинација.

Ова е само една од дестинациите достапни, а за терминот во средината на јули добивате 20% попуст на редовните цени. Покрај оваа дестинација, можете да изберете и други места во Грција, Малта, Анталија, Будимпешта и уште многу други дестинации, но важно е да се спомене дека Флај туризам организира и индивидуални патувања според вашите можности. Како и секоја друга, така и оваа година Флај Туризам им стои на располагање на своите ценети и долгогодишни клиенти, се разбира и на оние кои сеуште не се одлучиле на кого да ја доверат обврската за организирање на нивниот летен одмор или нивното патување. Oд тие причини чест ни е да ви ја понудиме палетата на жешките туристички атракции за оваа година. Ние постоиме за да ги оствариме вашите желби, а на вас останува само да се подготвите и да ги спакувате куферите!