#365среќа Сара Пановска: „Нема поголема среќа од тоа кога работата ти претставува задоволство“

Сара Пановска е средношколка од Штип која учи во средното музичко училиште. Уметноста е нејзина определба, обожава да поминува време исполнето со цртање и музика. Иако музиката е нејзин приоритет во моментов, таа создава прекрасни портрети со помош на техника со молив. За нејзините почетоци, љубовта кон цртањето и инспирацијата која ја црпи, разговараме со неа во ова издание на #365среќа.

1. Како започна твојата љубов кон цртањето и како изгледаа твоите први цртежи?

– Уште од мали години ме привлекуваше мешањето на бои и создавањето нови нешта. Моите први цртежи всушност беа портрети на познати светски пејачки каде забележав дека техниката со молив ми лежи и можеби можам да работам повеќе на истата. Вежбав, експериментирав, се усовршував и цртањето прерасна во моја пасија низ годините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PanovskaS (@art_panovskas) on


2. Кои техники во цртањето се најинтересни за тебе и колку време ти е потребно да нацрташ еден портрет?

– Најмногу се пронаоѓам во техниката со молив бидејќи мислам дека највеќе ми лежи да цртам конкретен предмет каде што можам да ги доловам карактеристиките и деталите на истиот. Конкретно за изработка на еден портрет потребни ми се од 2 до 3 часа во зависност од предметот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PanovskaS (@art_panovskas) on


3. Со оглед на тоа дека учиш во средното музичко училиште, може да се заклучи дека станува збор за една млада девојка која ги сака уметностите. Каде се гледаш во иднина?

– Да, иако сум млада, љубовта кон музиката и конктретно виолината го одреди мојот пат со запишувањето на средното музичко училиште и во иднина се гледам секако како виолинист, но исто така ќе продолжам да се надоградувам и во ликовната уметност.

4. Која е твојата дефиниција за среќа?

– Уметноста е дел од моето секојдневие, нешто преку кое можам да ги искажам моите чувства, а особено среќата.

5. Кои се твоите идни планови и дали планираш да се усовршуваш во техниките на ликовната уметност или пак на неа гледаш како твое хоби?

– Моите планови за во иднина се да се надоградувам во сферата на уметноста, во она што ми лежи, ликовната уметност во моментов ми е хоби, а музиката ми е преоритет, но можеби во иднина ќе одлучам да се усовршам во оваа област. Најважно за мене е да го работам она што го сакам, мислам дека нема поголема среќа од тоа кога работата ти претставува задоволство.

Посетете ги Фејсбук и Инстаграм страниците на Сара и погледнете за каков талент станува збор!




Коментари

коментари