#365среќа Таско: „Искреноста кај луѓето ја почитувам најмногу. Материјалните работи доаѓаат и одат, основните човекови особини остануваат“

Тој е музичарот кој изврши големо влијание врз македонската музика и хип хоп сцената. Познат по своите енергични настапи, видео записи со милионски прегледи, хитови кои ќе ги најдете во плејлистата на голем дел од млада популација кај нас и во регионот. За неговите почетоци, музиката која што ја создава и идните големи проекти, во ова издание на #365среќа, разговаравме со Христијан Тасковски – Таско на Бродот на среќата.

Кристина: Како започна твојата љубов кон музиката и кои беа твоите идоли пред да започнеш да се занимаваш со хип хоп?

Таско: Од најрана возраст уште како дете ја засакав музиката. Од дете сум со музика и се занимавам со неа. Најпрво почнав да пишувам поезија… Во основно училиште пишував песни, стихотворби и со текот на времето како што растев, сѐ повеќе и се посветував на музиката. Маалските дружби секогаш беа проследени со хип-хоп и постепено се развивав и сфаќав дека сакам сериозно да се занимавам со музика. На 13-14 години почна да ми се развива тој „сенс“ за хип-хоп како култура и музика. За среќа, светската сцена е исполнета со квалитетна хип-хоп музика, а мои идоли се Тупак, Д Гејм, Лил Вејн, Дрејк, Крис Браун, Виз Калифа, Мик Мил – тие имаа големо влијание врз градењето на мојот стил и ме направија да бидам она што сум денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur) on


Кристина: Соработуваш со познати музички имиња од нашата естрада, покрај твоите композиции, дуетите со Слаткар и Два Бона за кратко време прераснаа во големи хитови. Како дојде до соработката со нив?

Таско: Со Два Бона се познаваме многу одамна, можам да кажам 10 години. Тракер е нашиот заеднички пријател кој нѐ запозна. Во своите песни донесоа нов звук во музиката – трап и кога се склопивме сите што слушаме и правиме таква музика природно дојде до таа соработка да направиме заеднички музички проект и да го издигнеме Урбан Рекордс на друго ниво. Направивме неколку песни заедно (Моет, Фуего, Генг Генг).

Ја направивме Моет и после Моет сѐ тргна во нагорна линија. Со Слаткар се запознав преку нив. Тие веќе имаа песна со него. Почнавме да соработуваме со Слаткар и тој изрази желба да направи песна со Два Бона и со мене. Имаше 3 песни на избор: Дијаманти, Динеро и Марадона. Дијаманти ја направија тие, а мене ми ги прати Динеро и Марадона. Во темата на Динеро не се пронајдов, но Марадона целосно ме погоди и таа ја направивме.

Кристина: Среќата е една од најважните емоции во животот на секој од нас. Некому за среќа му е потребно многу, а на друг само малку. Што те прави тебе среќен?

Таско: Не сум материјалист. Ги ценам оние мали работи… Основни човекови особини како почит, љубов, разбирање, искреност. Искреноста е тоа што највеќе го почитувам и тоа што најмногу ме прави среќен. За среќа е потребно малку. Сите сме различни и секој од нас има различна дефиниција за среќа. Меѓутоа кога ќе ги видам моите дома среќни, моите другари среќни… тие работи ме исполнуваат и ме тераат да движам напред. Материјалните работи доаѓаат и одат, но тие основни човекови особини остануваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur) on


Кристина: Како млад изведувач со голема публика, свесен си за твоето влијание врз младите генерации кои уживаат во твојата музика. Покрај вложувањето на музичко поле, посветуваш внимание и на изгледот. Кој се грижи за твојот изглед?

Таско: Од неодамна започна мојата соработка со првиот и најдобар Anti Aging Center by Promoitalia. Како еден од нивните бренд амбасадори, целосната грижа за мојот изглед им ја препуштам нив и досега морам да истакнам дека сум презадоволен. Третмани за лице, масажи… сѐ што ми е потребно да ја врати мојата енергија по напорната работа. Среќен сум што сѐ почесто и мажите се свесни дека треба да водат сметка за својот изглед. Исто така и вежбам. Константно сум физики активен. Тоа ми е „порок“ затоа што цел живот сум активен. Порано вежбав паркур, карате, возев скејт, точак, но сега само теретана.

Кристина: Што може да очекува публиката од тебе во иднина?

Таско: Имам подготвено многу нови музички проекти, нови дуети. Наскоро ќе уживате во песната со попопуларен босански артист, како и нови соработки со еден српски артист. Сѐ уште не можам да ги откријам нивните имиња, но ви ветувам многу квалитетна музика и забава. Се подготвуваат многу проекти кои ќе бидат објавени во краток период. Секако, се подготвувам за концертот на 9. ноември со Раста, Римски и Корона на кој очекуваме голем број на публика, сите што не поддржуваат и со нетрпение го очекуваат овој музички спектакл. Им порачувам на сите фанови да бидат подготвени за многу нови изненадувања во брзо време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur) on

Разговорот го водешеКристина Поптрпева

ЛокацијаБродот на среќата




Коментари

коментари