Категории

#365Среќа Тракер: „Прави го тоа што го сакаш. Биди упорен и верувај во себе“

Андреј Трајковски за јавноста познат како Тракер, во изминатиот период е многу активен и зад себе има голем број на познати песни, а моментално е актуелен со онаа најновата песна“Црна мечка” која ја изведува заедно со Таско. 

[adrotate banner=”30″]

[adrotate banner=”27″]

Иако е млад, тој веќе е докажан трап артист кој што активно се занимава со музиката од 2009-та година. Досега настапувал со голем број домашни и балкански артисти, а со само 14 години станува првиот ексклузивец на „Урбан Рекордс“ и од година во година продуцира голем број на битови, песни за себе, но и за многу други артисти. На минатогодишните “Хип-Хоп награди” со гордост ја понесе наградата за “Најдобро рап видео 2018” со спотот на песната “The GOAT”.

Во ова издание на #365среќа на Бродот на среќата тој ни откри нешто повеќе за својот приватен и професионален живот, идните планови и среќата.

Кристина: Кажи ни за твоите музички почетоци.Кога започна твојот интерес за музиката?

Тракер: Мојот интерес кон музиката започна во 2005/2006 година. Почнав да рапувам freestyle и мојот талент го приметија поголемите од маало кои ме внесоа во студио. Побараа од мене тоа што го правам во живо да го направам на трака. Така испадна јас да станам рапер и станав Тракер бидејќи јас бев најмалото дете што снимаше траки.

Кристина: Дуетот со Таско “Црна Мечка” за само неколку часа по промоцијата влезе на висока позиција во тренд на Јутуб. Раскажи ни малку повеќе околу идејата за песната?

Тракер: „Црна Мечка“ беше мој проект и Таско кога ја слушна многу му се допадна. Моравме да ги склопиме енергиите за на крајот да испадне тоа што е. Песната како песна не е толку впечатлива туку енергијата што ја вложивме за да зрачи и да го доловиме тој момент што сакавме за да им се допадне на фановите.

Кристина: Кој е твојот рецепт за среќа?

Тракер: Прави го тоа што го сакаш. Без разлика на сите пречки кои се пред тебе треба да бидеш упорен и да веруваш во себе си дека можеш!

Кристина: Освен со музиката, дали се занимаваш со нешто друго? Имаш ли хоби?

Тракер: Го обожавам фудбалот, страствен фудбалер сум. Многу често се собираме во Ново Лисиче со другарите и играме фудбал. Фудбалот е мојата втора љубов. Покрај фудбалот исто така многу сакам и да скијам.

Кристина: Дали моментално работиш на нов проект? Што следно може да очекува публиката од тебе?

Тракер: Работам на многу нови проекти. Моментално подготвуваме албум со Таско и фановите ќе можат да го очекуваат во почетокот на наредната година.

 

 

Разговорот го водешеКристина Поптрпева

ЛокацијаБродот на среќата

Стајлинг: ivaspasovska_atelie