#365среќа Вера Бончева Спасовска: „За да ги реализираме нашите идеи, мора да бидеме полни со енергија, позитивен дух и верба во себе“

Успешните жени кои се реализирани на секое поле во животот секогаш претставуваат инспирација и одличен пример дека соништата се остваруваат, колку и да изгледаат недостижни. Во ова издание на #365среќа чест ни е што разговараме со една успешна жена, која истовремено постигнува да биде мајка на три деца, сопруга, менаџер на компанија и професорка во едно од скопските средни училишта. За нејзиното семејство, за организирањето на времето и успесите, зборуваме со Вера Бончева Спасовска.

 

Важите за една успешна жена, реализирана во секоја сфера од животот. Како успевате да најдете доволно време и секојдневно да ги постигнете сите свои обврски?

Себеси се гледам како реализирана мајка пред сè. Најважната сфера за мојата реализација, а тука е и сопствениот успех е мајчинството. Покрај сите останати обврски и работни задачи кои ги имам најголемиот успех со кој се носам секојдневно се моите три деца. Мајка сум на 16 годишен син, 12 годишна ќерка и 3,5 годишен син. Замислете колку енергија е потребна да ги поддржам сите нивни интереси и желби. Ете овде е мојот успех и мојата сопствена реализација.

Инаку, мојот дневен, неделен и месечен организатор е главната поддршка која памети, регистрира и ме насочува каде треба да стигнам и што треба да правам. Без мојот личен орагнизатор нема да направам дефинитивно ништо! Тоа е таа среќа на наоѓање доволно време за сите обврски. Тоа е таа среќа на потсетникот во смарт телефоните. Да можам да се претворам од мајка и сопруга во професорка на работата која со љубов ја работам веќе 17 години или пак одеднаш во менаџер во компанијата со која раководам.

Wenice multi brand kids fashion во Македонија постои од 2004 година и претставува омилениот бренд за облека на децата, а за успехот говорат повеќето продажни места на Wenice во Skopje City Mall (2 кат), Ramstore Mall (1 кат) и TC Biser (приземје), како и најновиот продажен објект, Wenice Home во населбата Илинден. Имате и објект за големопродажба, од каде се снабдуваат голем број продавници за детска облека низ Македонија. Како започна приказната наречена Wenice и зошто токму облека за деца?


Да. Wenice multi brand kids fashion во Македонија постои од 2004. Приказната започна од 2004 и приказната сè уште се раскажува. Тоа е исто како детска бајка. Детските бајки немаат крај. Wenice расте со децата и кога децата ќе ги надминат со раст нашите колекции, Wenice на волшебен начин ја продолжува приказната на принцези и чудни летала и се трансформира во нов свет на новите детски генерации.  Wenice е приказна која започнува со семето, со почетокот на животот. Тоа е најубавата приказна која се раскажува. Тоа се најсреќните моменти за сите. Нашите среќни родители се задоволни со нашата приказна, а подоцна и децата стануваат дел од нашата приказна. Мотото кое не движи напред е: -Задоволни и среќни родители и деца, беспрекорен квалитет за супер цена. Тоа е таа наједноставна приказна која се раскажува, а останатото е постојано следење на нови модни трендови за детска облека, конкурентна ценовна политика, вложување во тимовите кои ја раскажуваат приказната дирекно со купувачите.  Wenice расте следејќи ги сите трендови на пазарот. Од 2016 година е отворена и online продавница www.wenice.mk каде може да се купува сигурно и без трошење на драгоценото време на нашите модерни родители.

Велат родителите се нашите најголеми учители низ животот, а особено во најраната возраст кога го формираме сопствениот карактер. За вашето воспитување на децата и правилното насочување говори фактот што вашата ќерка Марија Спасовска веќе добро позната на публиката, полека но сигурно прераснува во успешна тинејџ ѕвезда и ја освојува публиката со својот извонреден глас. Колку и помагате да ги оствари своите соништа?

Така е. Најголемите учители за децата се токму родителите. И точно е дека родителот дејстува на воспитувањето на детето во првите години од животот. Не можам да речам дека родителот го формира и карактерот на детето, затоа што секое дете се раѓа со карактер, тука можеби играат улога и гените. Но, слободно можам да речам дека родителот го воспитува детето на моралните вредности и љубов пред сè. Да. Марија ја сака музиката, почнува да ја освојува публиката, а ние како семејство целосно ја поддржуваме за остварување на нејзиниот сон.

Како мајка се трудам да ѝ наметнам сила и дополнително да ја поддржам кон стекнување на комплетна самодоверба. За таа цел ја воспитувам укажувајќи ѝ и овозможувајќи ѝ целосно комплетно образование. Во образованието е успехот за сите полиња кои сакаме да ги освоиме. Моите деца читаат со љубов. Во мојот дом енциклопедиите, книгите од секаков вид се добредојдена играчка. Секое дете покажува различни интереси. Родителите треба да ги поддржат во сè се додека детето самостојно не покаже посебен афинитет и љубов кон нешто. Моите три деца се три различни планини по кои се качувам. Бојан, најголемиот покажа афинитети кон цртање, архитектура, програмирање и така самостојно го откри својот пат во информатичките технологии за кои веќе квалитетно се образува. Марија покрај љубовта кон музиката покажа и други афинитети (спорт, математика, творештво) и сè  уште се оформува. Сè уште паралелно дејствува на повеќе полиња. Времето ќе покаже што ќе одбере. Ние сме тие што даваме целосна поддршка. Секој треба да го прави тоа што го сака. За најмалото сега се предизвик моторите и автомобилите играчки. Сигурно и тој ќе си каже што сака кога ќе дојде време.

Среќата е многу важен дел од животот на секој човек. Кога сме среќни и исполнети се чини дека можеме да постигнеме се што ќе замислиме. Што претставува среќа за вас?

Среќа за мене е кога наутро се будам здрава и кога околу мене сите мои деца се здрави! Тоа е најважно. Да бидеме здрави за да можеме да чекориме по патот кој нè прави среќни. За да ги реализираме нашите идеи кои ќе нè направат среќни мораме да бидеме полни со енергија со позитивен дух и верба во себе.

Среќна сум кога сите околу мене се среќни. Среќна сум кога подарувам љубов на други, кога помагам и кога поклонувам подароци.

Што можеме да очекуваме во иднина од Wenice multi brand kids fashion и која е вашата порака до сите оние девојки кои се стремат кон успехот и сакаат да прераснат во независни и успешни жени?

Wenice ќе расте, како што кажав и погоре. Приказната ќе продолжи да раскажува нови бајки сигурно! Мојата порака за сите девојки кои сакаат да прераснат во независна и успешна жена е:

-Да научат за љубовта. Љубовта најпрвин треба да ја поседуваат, да ја носат со себе, да умеат да ја дадат за да ја добијат. Таа љубов не е само љубов кон една личност, таа љубов која треба да ја поседуваат е љубов кон животот, кон луѓето, кон работата, кон целиот универзум. Секоја девојка треба да зрачи со шарм и позитивна енергија. Тоа е патот на успехот. А позитивната енергија доаѓа од самодовербата и љубовта заедно. Независноста на една жена доаѓа од нејзината сила, а силата е самодовербата која се стекнува преку образование. И откако сè ќе се собере на едно место сигурно дека ќе пораснат во силни, убави и среќни жени.




Коментари

коментари