3Д печатач гради куќи од кал во сиромашните подрачја

wasp-3d-printing
Скоро милијарда луѓе ширум светот се без покрив на главата или живеат во несоодветни услови. Во ерата на 3Д печатењето, некои компании сериозно се посветуваат на овој проблем така што работат брза изградба на бетонски куќи. Иако овој метод создава безбеден дом, испораката на суровините и гломазниот печатач значително ги зголемува трошоците.

wasp-house-printer
Италијанската 3Д печатарска компанија WASP можеби го реши овој проблем со развивање на лесно пренослива машина која може брзо да создаде куќи од кал и природни влакна – материјали кои се расположиви на местото на изградба на објектот. Изградбата на куќи од кал не е ниту нова ниту револуционерна метода. Напротив, тоа е познато веќе 9000 години. Но, оваа техника нуди низа предности. Екструдирањето на калта на овој начин овозможува куќите да бидат вселиви многу порано отколку кога би се чекало да се исушат дебелите цигли пред да се тргне со изградбата. На овој начин може да се изградат куќи високи три метри, што е сосема доволно.
house-wasp-1

Компанијата WASP (кратенка од World’s Advenced Saving Project) го претстави овој концепт на саемот во Рим за иновативни технологии. Taa е посветенa на обезбедување на домување за сиромашните ширум светот, но со инволвираност на науката па дури и на уметноста. Компанијата тврди дека инспирацијата за овој проект ја добила од осите градителки, кои ги градат своите гнезда во облик на керамичка грнчарија. Изградбата на првата ваква куќа WASP ја најавува за следната година, а како локација се споменува Сардинија, бидејќи е блиску до седиштето на компанијата.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=aQWSRpacNzY#t=179[/tube]




Коментари

коментари