Направи сам: 4 креативни предмети од чаши за вино

Не е секогаш лесно да направите  домот да ви изгледа убаво и удобно место. Просторот мора да се пополни со убави и креативни предмети. Но не секој има доволно пари за тие убави предмети, па затоа ние ќе ви покажеме како обичните чаши за вино да ги претворите во прекрасни предмети.

 

1. Свеќници

За ова ќе ви бидат потребни само неколку чаши, свеќи и малку цвеќе. Свртете ја наопаку чашата, а во неа сместете по едно цвеќе, а свеќата ставете ја горе на чашата.

Creative-centerpieces-made-with-wine-glasses-3

2. Мини-лампи

Оваа идеја е прекрасна за посебни романтични вечери! Сѐ што треба да направите е да ставите мала свеќа во чашата и да исечете хартија во облик на лампа, со која ќе ја покриете чашата.

Creative-centerpieces-made-with-wine-glasses-5

3. Вазни

Со малку креативност, можете да ги трансформирате обичните чаши за вино во елегантни вазни. Изберете некое цвеќе кое ќе одговара на обликот на чашата и направете мал букет. Ставете го во чашата и додадете малку вода.

Creative-centerpieces-made-with-wine-glasses-2

4. Празнични орнаменти

Одберете ги најдобрите бои за вашата декорација и раширете ги чашите околу масата.

Creative-centerpieces-made-with-wine-glasses




Коментари

коментари