4 мали трикови кои ќе ви помогнат да ги направите вашите утрински подготовки за убавина за помалку од 10 минути

Понекогаш утрата се навистина многу тешки, а уште кога ќе ги додадеме деновите кога косата не нè слуша, или кожата ни станала преосетлива, едноставно немаме желба да излеземе од дома.

Затоа, ви предложуваме 4 мали трикови кои ќе ви помогнат да ги направите вашите утрински подготовки за убавина за помалку од 10 минути за да изгледате беспрекорно.

 

  1. Отворете го окото

За да изгледате свежо, одморено и подготвено да го започнете денот, наместо црниот креон во водната линија на окото, воведете бел молив за очи во вашиот утрински мејкап. Нанесуваењто на бел молив на водната линија на окото ќе направи вашето око да изгледа поголемо, да изгледате свежо и одморено, дури и доколку не спиевте најдобро минатата вечер.

 

  1. Користете beauty blender

Доколку се двоумите дали вашата утринска шминка да ја нанесете со четка или beauty blender, одлучете се за beauty blender. Ќе покриете поголема површина со помалку производ, а без многу напор ќе добиете идеална завршница и ќе заштедите време.

 

  1. Се во едно

Производите кои имаат повеќе функции во исто време се идеални за заштеда на време кога наутро многу доцните. Затоа, секогаш избирајте бб крема со заштитен фактор кој ја штити, навлажнува но и ја покрива вашата кожа,  со што ќе ја олесните вашата утринска рутина за шминка.

 

  1. Чувајте ја вашата козметика подготвена

И не само козметиката! Вашите утра ќе ги направите многу полесни ако навечер  ја спремите облеката, ја спакувате чантата и ја подготвите вашата шминка. Ова ќе ви заштеди време наутро бидејќи нема да имате потреба да брзате непотребно. Сè е подготвено и ве чека, а имате време и за здрав појадок и шолја кафе, па ќе излезете од дома енергични, свежи и со широка насмевка на лицето.

 

Кој вели дека не можете да изгледате добро кога немате време. Со овие едноставни совети и добра организација, ќе го започнете денот свежо и беспрекорно!




Коментари

коментари