4 најдобри подароци за вашето дете кои ќе ги памети цел живот!

Како што се наближуваат новогодишните и божиќните празници сѐ повеќе размислувате за некоја ситница која би можеле да ја спакувате под елката за да го израдувате вашето дете. Овие четири подароци немаат вредност во материјална смисла, но низ животот значат сѐ.

Подарете му на своето дете брат или сестра

Доколку сте во можност да родите дете, тоа би било најубавиот подарок за вашето постаро чедо. Да им покрај себе некој кој ќе го разбира, некој на кого ќе се потпре, некој со кого ќе плаче, кој ќе го чува… Братот или сестрата се нешто посебно!

Секој ден подарете му на вашето дете љубов

Љубов не е само реченицата: „Те сака мама/тато највеќе на светот!“ Љубов е да ја занемарите лошата оценка, љубов е да го превиткате неговото одрано колено и да ја проголтате воспитната лекција, љубов е да го приготвите омиленото јадење иако знаете дека е далеку од здраво…

„Не знам дали еден човек е во состојба да сака ако не бил сакан. Или, на друг начин, колку и со каква сила сме биле сакани во детството, толку ќе ги сакаме и другите“.

Подарете му на своето дете семејни моменти без кавги

Проголтајте ја секоја пцовка, потребата да му се развикате на партнерот затоа што направил или не направил нешто. Вашето дете не мора да ги знае вашите препирки. Кога се карате, нејзиното/неговото срце крвари повеќе од што може да претпоставите.

Подарете му денови без мобилен, компјутер и телевизор

Исклучете ја струјата намерно, запалете свеќи и правете сенки по ѕидовите. Дозволете му на своето дете да ви раскаже приказна за добра ноќ (така ќе дознаете како размислува). Предложете му да си игра надвор, а потоа уживајте во неговите скокови, насмевки и трчање… Дозволете си себеси повторно да го запознаете своето чедо.

И за крај, со подарувањето на овие четири подароци на своето дете, ќе си ја подарите себеси целата среќа на овој свет!




Коментари

коментари