Категории

4 пара хороскопски знаци што се совршени еден за друг

Тие се привлекуваат со таква сила што нема да можат да одолеат и на крајот ќе завршат заедно.

Осум хороскопски знаци, осум различни карактери. Колку и да се спротивставуваат, тие судбински се предодредени еден за друг.

Овен и Терезија

Помеѓу овие два знаци постои силна привлечност, затоа што толку многу се спротивни и едниот знак го пружа она што на другиот му недостига. Како два магнети, тие ќе се привлекуваат и привлекуваат се додека не попуштат и не завршат во прегратки. Проблемот настанува кога Овенот станува премногу нетрпелив. Овните не размислуваат доволно, тргнуваат во акција, а потоа брзо почнуваат да се интересираат за нешто друго. Терезијата тогаш може да се откаже од се и да побара некој постабилен. Овенот од друга страна би можел да побара некој што ќе го гледа со повеќе воодушевување, затоа што тоа е она што нему му треба. Врската помеѓу овие два знака е возможна, но ако се заснова само на физичка привлечност, тогаш ќе биде со краток век.

Бик и Скорпија

Бикот и Скорпијата толку многу го сакаат сексот што таа компатибилност ќе им даде сила да ги пребродат речиси сите други разлики. И двајцата партнери чувствуваат изразена потреба за страствени игри. Ако се друго биде во ред, ниту еден од нив никогаш нема да почувствува потреба за неверство. Надвор од постелата, тие се помалку компатибилни. Еднакво се тврдоглави и љубоморни. Бикот го сака партнерот како трофеј, додека Скорпијата го посакува Бикот во емотивна смисла. Доколку дојде до проблеми, ќе им биде потребно многу зрелост за да ги решат. Врската е исполнета со можни конфликти, но од друга страна постои огромна привлечност и врската може да успее ако партнерите се толерантни.

Рак и Јарец

Астролозите сметаат дека ова е извонредна комбинација. Тврдоглавиот, амбициозен Јарец одлично ќе се надополнува со Ракот, кој понекогаш и премногу сака да мечтае. Со текот на времето, овие два знака изнаоѓаат заеднички јазик и лесно ќе го усогласат ритамот во заедничкиот живот. И двата знаци се штедливи и внимателни во заработувањето и трошењето пари, па од таа страна тешко е да се очекуваат какви било несогласувања. Верни се, не се склони кон флерт и забранети излети настрана. Тие наоѓаат задоволство во малите животни радости.

Лав и Водолија

Лавот е крал на сопствениот универзум и неможе да и одолее на водолијата. Бунтовниот дух го воодушевува Лавот, а Водолијата е импресионирана од неговата најатрактивна харизма. Ниту еден од нив нема лесно да ја препушти доминацијата на другиот. Лавот најмногу се интересира за себе, додека Водолијата сака да истражува и ја интересира остатокот од светот. За среќа, Водолијата во Лавот ќе најде доволно интересен материјал што ќе ја задржи заедно со него. Како и секоја друга комбинација од спротивни знаци, така и оваа може еднакво да заврши со изразено среќна врска или со целосна катастрофа.

Извор : Убавина&Здравје.мк

Прегледи:
346
Ознаки:
· ·
Објавено на:
01.02.2018