Категории

4 природни лекови за ослободување од силната главоболка

Мигрената се манифестира преку силна пулсирачка болка најчесто во еден предел од главата. Трае многу подолго и со посилен интензитет од обичната главоболка. Може да предизвика чувствителност на светлина, звук и гадење.

4 природни лекови против мигрената:

Магнезиум

Магнезиумот е минерал кој помага при активирањето на повеќе од 300 процеси на метаболизмот. Може да има позитслајдеривно влијание на вашиот кардиоваскуларен, нервен систем и ткивото на мускулите. Ги опушта мускулите и артериите и ослободува од мигрена. Во една студија која е неодамна спроведена, се покажало дека кај луѓето кои редовно внеуваат магнезиум во телото, честата мигрена е намалена за дури 42%.

Етерично масло од лаванда

Маслото од лаванда помага при ослободување од мигрената. Ова масло уште во минатото е користено против мигрената, поради своите аналгетски својства. Содржи седатив и состојки кои ослободуваат од болка и го смируваат нервниот систем. Помага во намалување на воспалението на крвните садови за време на мигрена. Етеричното масло од лаванда треба да го користите чисто за да ја добиете максималната корист од него.

Црвен пипер, ѓумбир и пеперминт

Црвениот пипер, ѓумбирот и пеперминтот се одлична комбинација за ослободување од мигрена. Може да направите чај, мешајќи ги овие состојки заедно. Направете микс од 1 лажичка сушен пеперминт, една рака црвен пипер и мали парчиња од свеж корен од ѓумбир. Измешајте ги со 2 шолји превриена вода и оставете ја мешавината 20 минути да отстои. Потоа промешајте и додадете органски мед.

Камилица

Ова е растение кое отсекогаш го користеле против мигрена. Поседува моќна хемикалија позната како партенолид, која може да помогне во смирување на мигренозната главоболка. Камилицата е достапна во таблети, тинктури или чај. Но, треба да користите свежа камилица за најдобри резултати.

Прегледи:
780
Објавено на:
04.05.2018