4 трикови за брз утрински мејкап изглед

Знаеме дека самата помисла за шминка, наутро, кога сте многу поспани и сте во брзање, помалку нервира. Затоа, денес ви откриваме неколку едноставни мејкап трикови кои ќе ја забрзаат вашата рутина на шминкање и ќе направат да изгледате свежо и привлечно, исто како да сте поминале половина час да се разубавите.

Совршената утринска шминка, за само 5 минути, ќе се постигне со овие неколку лесни совети за шминка.

 

  1. Заменете ги производите во прав со кремасти производи

За да избегнете долготрајно мешање на производи во прав, побарајте кремаста алтернатива за нив. Наместо пудра, користете бб крем, кој лесно се нанесува со прстите, а над неа, дајте му на лицето свежина со малку руменило, за вашата кожа да изгледа совршено без ниту една трага од замор.

 

  1. Користете молив за очи наместо ајлајнер

Бидејќи цртањето на совршената линија со ајлајнери може да потрае некое време, препорачливо е да го замените со молив за очи барем наутро, кога брзате со шминкањето. Нацртајте тенка линија по должината на трепките, зголемувајќи го волуменот со омилената маскара. Со овие два неопходни трика, ќе постигнете буден изглед на очите за нешто помалку од една минута.

 

  1. Заменете ги матните кармини со кремасти

 

Кремастиот кармин се нанесува за само неколку секунди и не подразбира прецизност што ја бараат мат кармините. Покрај тоа, кремастиот кармин ќе ги направи вашите усни да изгледаат поцелосни и поубави.

 

  1. Наместо молив за веѓи, користете гел

Гелот за веѓи е спас кога станува збор за брз утрински мејкап. Немате многу време за совршено прецизно цртање на веѓите. Гелот не само што ќе ги наполни, туку и ќе ги поправи, така што ќе ја задржат посакуваната форма во текот на денот.




Коментари

[fbcomments]