5 едноставни нешта кои мажите ги сакаат од жените

Во суштина мажите се многу скромни во тоа кои се најважните нешта кои ги бараат од својата партнерка. Надворешниот изглед им е важен, но има некои нешта кои се поважни од тоа.

1. Грижа

Грижата за партнерот и посветеноста за неговите потреби не значи дека треба да ги запоставите сопствените. Туку едноставно мажите сакаат кога се со несебични жени, кои знаат да направат нешто убаво за нив.

2. Разбирање без очекувања

Мажите многу потешко ги искажуваат своите чувства, но кога тоа ќе го направат – очекуваат да бидат разбрани, без потоа нешто да се очекува од нив.

3. Сопствено мислење

Самоувереноста на една жена е она кое секој маж го смета за секси. Тоа покажува дека од неа нешто може да се научи и дека врската никогаш нема да биде досадна.

4. Да се чувствува посебен

Доволно е во ситуации кога се чувствувате исплашено, да му кажете дека сакате да ве заштити и да биде покрај вас. Тоа го прави да се чувствува силен и моќен, а нема маж на кој тоа не му годи.

5. Не комплицирајте

Никогаш, никогаш, никогаш не ги правете работите покомплицирани отколку што се. Никој не може се во животот да добие сега и тука. Бидете стрпливи и поедноставни во барањата.




Коментари

коментари