5 еротски филмови за жени: Погледајте ги, нема да зажалите! (ВИДЕО)

Кој е најдобриот еротски филм кој сте го гледале? Кои се карактеристиките кои го прават филмот еротичен, односно еротски? Кога ќе погледнете малку подобро, еротските филмови се како мост помеѓу порно филмовите и романтичните мелодрами. 

Години наназад, еротските филмови се сметале дека припаѓаат исклучиво за машката публика. Малку поврели сцени, заводливост и сексапил кој се прикажува на секоја сцена се сметал за несоодветен за женскиот пол. Сепак, времињата се променија, па сега дамите слободно уживаат во необични филмови.

1. „Torn“ (2012)

Замислете оженет маж кој среќава многу помлада девојка од своите соништа. Таа толку го интригира, инспирира и посакува, а тој се наоѓа во недоумица што да прави понатаму. „Torn“ претставува комплексно и романтично истражување на развојот на љубовта, партнерството и страста. Ова е прекрасен филм кој многу емотивно делува на умот и срцето, но и будењето на длабоката еротика.

2. „Last Tango in Paris“ (1972)

Легендарен филм во кој глуми Марлон Брандо и Марија Шнајдер. Филмот го прати трагична приказна за американскиот вдовец и младата Французинка која е верена. Тие двајца се запознаваат во апартман кој двајцата сакаат да го изнајмат, што полека ги носи во анонимна, сексуална врска во која ги кријат своите вистински идентитети.

3. „Marriage 2.0“ (2015)

„Marriage“ е еден посебен филм бидејќи ликовите доживуваат посебен вид на љубов, отвореност и поврзаност, која на сите нас ни ја враќа силата во љубовта. Овој филм ќе ве воодушеви со непосредноста, интензивниот и искрен однос кој се јавува во вистински љубовни и страстни врски.

4. „Blue is the warmest color“ (2013)

Овој филм претставува вистински љубовен триаголник и тоа е клучниот елемент во овој необичен филм. Ќе ви го откриеме само ова: девојка запознава девојка, девојка се заљубува во девојка, девојка запознава момче, девојката е заведена од момчето, девојката мора да избере помеѓу момчето и девојката.

5. „Emmanuelle“ (1974)

Серијалот еротски филмови „Emmanuelle“ спаѓа во култниот серијал на француската еротска кинематографија. Првиот филм е снимен 1974. година, а во фокусот е слободната, отворена врска помеѓу оженетиот маж и млада жена. „Emmanuelle“ е значаен и голем филм од седумдесеттите. Прилично е заводлив, елегантен и уметнички.




Коментари

коментари