Категории

5- годишно девојче ги освои срцата на 53.000 следачи на Инстаграм со својата неверојатна коса

Миа Афлало има само пет години, а веќе остави белег на модниот пазар и на социјалните мрежи, благодарение на својата природна густа и долга коса. Родена во Тел Авив, Израел, младото девојче ги освои симпатиите на повеќе од 53.000 следачи на социјалната мрежа Инстаграм и се појави во британскиот Вог.

Покрај големиот број на фанови, многу луѓе се загрижени за преголемото јавно изложување на толку мало девојче, сметајќи дека тоа може да има несакани последици. Еден од таквите коментари гласи „Не се само пријателите кои сакате да ги импресионирате на Инстаграм, постојат многу злонамерни луѓе на социјалните мрежи. Го загрозувате нејзиниот живот како и нејзиното ментално здравје, сега и во иднина.“

Во едно ќе се сложиме сите. Ова мало девојче изгледа неверојатно слатко со својата голема коса. Погледнете ги нејзините фотографии кои ги преплавија медиумите.