5 грешки кои ги прават мажите во нови врски

Себеспознавањето води кон лична среќа. Доколку ви оди тешко со состанувањето и не можете да си го најдете вистинскиот партнер, може не е до останатите, може вие треба да работите на себе.

Неодамна видовме каде грешат жените, но сега ќе одговориме на прашањето Кои се најчестите грешки кои ги прават мажите на почетокот на нови врски?! 

1. Немаш план

Жените сакаат мажи со визија, кои знаат да водат. Кога на прв состанок ќе те праша Каде одиме?, одговор од типот паааа, не знам, кај сакаш? Добро во ред е да сакаш нејзино мислење и да и исполниш желба, но мора да имаш план! А ако имаш, но не ви одговара на двајцата, направете компромис. Мора да покажеш дека имаш и план за животот, дека не си безидејно момче, кое безделничари.

2. Немаш самодоверба

Можеби си нервозен пред состанокот, можеби мислиш дека нема да ужива со тебе. Таквите мисли вообичаено предизвикуваат хаос. Жените сакаат самодоверба, а твојот фокус на негативни исходи ќе ја потисне позитивната енергија. Колку помалку се оптоваруваш, толку подобро ќе помине.

3. Не си свој

Желбата да импресионираш девојка е сосема нормална, но претерувањето нема да те одведе никаде. Може веднаш да не и се допаднеш заради претераното фалење, а може и понатаму да сфати дека погрешно си се претставувал. Претстави и го тоа што си, твоите маани и доблести. Сите треба да работиме на себе, а признавањето на тоа е голем позитивен чекор.

4. Многу зборуваш за секс

Ако сакаш врска со девојката, избегнувај многу провокативни разговори. Тоа ќе ја натера да смета дека ја гледаш како само за секс. Фокусирај се на подобро запознавање, дури и не избрзувај со сексот. Брзањето без да се запознаете доволно и да знаете дали сте компатибилни, може да доведе до уште една пропадната врска.

5. Не прашуваш доволно

Не одиш на испрашување. Треба подеднакво да зборите. Прашувај за различни области од нејзиниот живот, а споделувај ти. Треба да има нормален тек на разговорот, избалансиран. доколку премногу зборуваш за себе или за една иста работа, верувај, ќе и здосадиш.

 




Коментари

коментари