Категории

5 грешки кои ги правите кога варите тестенини: Ставате масло, ја фрлате водата…

Варењето тестенини навидум изгледа многу лесно, но многу нешта можат да тргнат наопаку.

Откријте како да спречите лепење на тестенините и како можете да ја искористите водата во која се вареле тестенините.

И најважно кои се 5-те грешки кои скоро сите ги прават при варење тестенини:

1. Користите премал сад за варење

Кога зборуваме за тестенини, големината е навистина важна т.е. важно е да готвите во голем сад со многу вода затоа што во текот на варењето тестенините ќе се прошират и бараат многу простор. Ако не се варат во доволно вода ќе станат лепливи и кашести.


2. Прерано ја посолувате водата

Стручњаците велат дека треба да посолите веќе кога ќе зоврие водата – токму пред да ги ставите тестенините. Така, тие подобро ќе ја апсорбираат солта. Затоа, не посолувајте на почетокот од готвењето, додека водата е ладна.


3. Ставате масло во водата

Многу луѓе истураат масло во водата затоа што слушнале дека тогаш тестенините нема да бидат лепливи. Проблемот со лепливоста ќе го решите така што редовно ќе ги мешате тестенините за време на готвењето, а избегнувајте додавање масло затоа што ќе се создаде масен слој на тестенините поради кои сосовите ќе се лизгаат од нив.


4. Ги цедите тестенините

Со оваа постапка всушност го цедите вкусот и природниот скроб кој се наоѓа во водата од тестенините. Наместо да ги цедите, директно сервирајте ги со вилушка или лажица со дупчиња.


5. Ја фрлате водата во која се вареле тестенините

Голема количина од претходно спомнатиот скроб останува водата по варењето и готвачите советуваат дека токму со таа вода треба да го згуснете сосот кој сакате да го подготвите со тестенините. Затоа, заборавете на додавањето брашно.

Прегледи:
542
Објавено на:
20.02.2016