Време ви е за потстрижување? Еве 5 идеи за летни фризури

Летните денови носат ведрина, а вашата коса е некако смуртена и безживотна, тоа е знак дека е време за промени!

Кратка или долга, без разлика која е вашата желба модните експерти препорачуваат различни изгледи, а сепак сите се карактеризираат со доза острина и даваат смел и софистициран изглед.

1. Краток боб

Безгрижен изглед, вашиот врат и грб ќе дише, а многу брзо ќе ви се суши и косата. За убав летен изглед, одберете го брановидниот стајлинг.

2. Боб со шишки

Класичниот боб, надополнет со шишки ќе ви даде младешки изглед.

3. Асиметричен лоб

Косата до рамена не мора да биде досадна. Малку острина на врвовите и ќе изгледате одлично.

4. Слоевито до рамена

Брановидниот „плажа“ изглед, скратен малку под рамената дава софистициран изглед.

5. Долго и тапо

Степенот и слоевите на долгата коса, оставете ги во минатото. Време е за смел и остар изглед. Рамната долга коса е полн погодок.

 

 




Коментари

коментари